Достапни линкови

Претседателот ќе „брка“ странски инвеститори


Претседателот Ѓорге Иванов ги прими членовите на владиниот тим за странски инвестиции.
Претседателот Ѓорге Иванов ги прими членовите на владиниот тим за странски инвестиции.

Претседателот Иванов дипломатските активности ги засилува со економска агенда. Тој се прикллучува на бројниот владин тим кој трага по странски инвестиции. Екомскиот аналитичар и поранешен пратеник Слободан Најдовски вели дека вклучувањето на претседателот во економската агенда е создавање на една лажна слика во јавноста за тоа какво внимание и се посветува на економијата.

Претседателот Ѓорѓе Иванoв е последниот во низата на привлекувачи на странски инвестиции. Тој им се приклучува на четворицата министри задолжени за привлекување инвестиции, економските промотори во странство, дипломатите и конзулите кои до 2014 исто така требаше да привлекуваат инвестиции. На листата се и Агенција за странски инвестиции, Дирекција за развојни зони, бројните роуд шоуа, рекламите по светски медиуми.

Очигледно сега за да се затскрие владата зад својот неуспешен, би рекол, проект, бидејќи полека завршува онаа граница од 10 години за поволностите за странсите инвеститори кои им ги дава владата. За да го затскрие сето тоа, сега прави една лажна слика дека целокупниот државен апарат е вклучен во привлекување на странските инвеститори.
Слободен Најдовски, економски аналитичар.

На вчерашната средба на претседателот Иванов со владиниот тим за странски инвестиции се разговарало за тоа во рамките на дипломатските активности на претседателот да се засили економската агенда. Биле таргетирани држави од каде ќе се бараат инвестиции и во кои може да се пласираат македонски производи.

Екомскиот аналитичар и поранешен пратеник Слободан Најдовски вели дека вклучувањето на претседателот во економската агенда е создавање на една лажна слика во јавноста за тоа какво внимание и се посветува на економијата.

„Очигледно сега за да се затскрие владата зад својот неуспешен, би рекол, проект, бидејќи полека завршува онаа граница од 10 години за поволностите за странсите инвеститори кои им ги дава владата. За да го затскрие сето тоа, сега прави една лажна слика дека целокупниот државен апарат е вклучен во привлекување на странските инвеститори“, вели Најдовски и додава дека не се зборува за ефектите од привлекувањето странски инвестции.

Си најде еден начин како да го разбие тој молк околу него и неговата индиферентност кон настаните, значи неговата исклучност и целосен молк во однос на тоа што се случува во државата, бара тема која што нема никаква врска со реалноста и потоа и да си даде одредена важност во овој момент.
Нано Ружин, универзитетски професор.

„Се покажа дека владата во овој проект вклучува се поголем број на поединци коишто се скапо платени, а ниту еднаш досега го немам слушнато ефектот од вложувањата коишто ги направи државата.“

Досегашна практика на претседателот Иванов е на маргините на сите негови официјални и работни посети на странски држави да се организираат бизнис форуми, на кои се презентираат бизнис можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија, се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

Иванов досега ги посетил земјите на Балканот, бил во посета на Турција, Азербејџан, во Русија, Кина, Канада, САД, катар итн., најчесто на разни форуми, комеморации, свечености за одбележување поважни датуми.

Професор Нано Ружин вели дека македонската дипломатија се карактеризира со импровизации и без однапред осмислени детални анализи и во тој контектст го доведува и последниот, како што вели „излет“ на Иванов.

„Си најде еден начин како да го разбие тој молк околу него и неговата индиферентност кон настаните, значи неговата исклучност и целосен молк во однос на тоа што се случува во државата, бара тема која што нема никаква врска со реалноста и потоа и да си даде одредена важност во овој момент.“

Ружин вели дека денеска сите ја гледаат совремната дипломатија во доменот на економските односи, бидејќи дипломатијата исто така мора да придонесува не само на политичката афирмација, туку и на економската.

„Не само Иванов, туку и целокупната владејачка политичка гарнитура на извесен начин е во изолација заради настаните. Оди на разни форуми, внатрешни и надворешни, оди на средби кои што се лошо оценети од меѓународната заедница, но сепак тоа е избор на неговата екипа и на самиот претседател.“

Странските инвестиции за седум месци годинава изнесуваат 124,9 милиони евра, објави Народната банка. Ова е за 28 милиони евра помалку споредено со приливот на странски инвестиции во првите седум месеци минатата година.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG