Достапни линкови

ЕУ: Турција е клучна за запирање на мигрантите


ЕУ: Турција е клучна за запирање на мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

ЕУ: Турција е клучна за запирање на мигрантите

Европската унија трага по начини за убедување на Турција да стори повеќе во задржувањето на сириските бегалци на нејзина територија и да ги запре да одат во Европа. Ова се случува во време на длабоки сомневања и недоразбирања кои владеат меѓу Европската унија и Турција.

Во жестоко поделената Европска унија околу справувањето со стотиците илјади луѓе кои бегаат од со војна и сиромаштија зафатените земји во Азија и Африка, како клучно произлезе обезбедувањето на соработка со една земја која не членка на Унијата, Турција.

Брисел сака земјите членки да ја зголемат и да ја пренасочат финансиската помош во поддршка на сместувањето на бегалците во Турција чии напори за влез во Унијата не напредуваа во изминатата деценија.

За возврат Анкара би можело добие подобрени услови за бегалците кои постепено би се враќале во Турција.

Главна работа во целата соработка треба да биде справувањето со шверцерите на луѓе кои ги пренесуваат бегалците во Грција.

Една од трите работи што Турција ги сака најмногу од Брисел: парите се најлесно за испорачување. Голем проблем и натаму ќе бидат преостанатите две: статусот и безвизниот режим.

Анкара, пак, смета дека Европа се разбудила дури сега во кошмарот со бегалците кој трае повеќе од четири години.

Притоа се наведува дека Турција потрошила над седум ипол милијарди долари за сместување на бегалците и оти за тоа време добила само нешто над 400 милиони долари меѓународна помош.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека Турција би морала да направи повеќе за заштита на нејзините граници со Грција.

„Без турска поддршка Грција нема да успее“, изјави таа, наведувајќи дека за ова прашање веќе разговарала со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Сепак, постојат сомневања за тоа дали Турција, во која има над 2 милиона бегалци, е способна да ги запре во нивната потрага по подобар живот во Европа.

Само околу 300 илјади од нив се сместени во бегалски кампови, додека преостанатите живеат од нивните заштеди меѓу турското население.

„Тие се цел на шверцерите на луѓе за кои турските власти се прават дека не ги ни гледаат“, вели Марк Пиерини, поранешен амбасадор на Европската унија во Анкара.

Во овој криминален бизнис кој главно се одвива на Егејско Море се вратат милијарди евра, а многумина шверцери имаат свои Фејсбук страници со најнови информации за состојбата на границите и за временските услови.

„Не е фер да се очекува од Турција сама да се соочи со овој проблем“, оцени турското Министерство за надворешни работи.

Врските меѓу Европската унија и Турција се на ниско ниво поради загриженоста на Унијата за военото справување со курдските сепаратисти, но и поради турските нејасни намери во Сирија и автократските тенденции на турските власти.

Од друга страна, пак, Турција е разочарана што и натаму останува надвор од Европската унија и од недостигот на консултации за бегалската криза.

Исто така Анкара е налутена поради антимуслиманскатаи антитурската реторика во Европа.

Една од трите работи што Турција ги сака најмногу од Брисел: парите се најлесно за испорачување. Голем проблем и натаму ќе бидат преостанатите две: статусот и безвизниот режим.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG