Достапни линкови

Јасен мандат за Сириза и Ципрас


Јасен мандат за Сириза и Ципрас
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Јасен мандат за Сириза и Ципрас

Официјалните резултати од скоро сите пребројани гласови покажуваат дека левичарската Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас победи на вчерашните парламентарни избори во Грција. Оваа партија останува на власт во коалиција со досегашните партнери Независни Грци.

Алексис Ципрас се враќа на премиерската функција откако неговата партија Сириза победи на изборите и доби јасен мандат да ја води земјата до излез од тешката економска криза.

Гласањето покажа дека најотворениот левичарски лидер во Европа останува доминантна политичка фигура и покрај тоа беше напуштен од најрадикалните негови сопартијци, откако се заложи за усвојување на спасувачкиот пакет понуден од еврозоната.

Во победничкиот говор на плоштадот во Атина тој вети нова фаза на стабилност во земјата во која за шест години имаше пет парламентарни избори, најавувајќи дека овој пат тој ќе остане на власт цел мандат од 4 години.

Имавме тешка и тврда битка и денес чувствувам дека таа беше оправдана бидејќи грчкиот народ ни даде јасен мандат да продолжиме да се бориме внатре и надвор од земјата за да ја зголемиме гордоста на нашиот народ.
Алексис Ципрас, лидер на Сириза.

„Имавме тешка и тврда битка и денес чувствувам дека таа беше оправдана бидејќи грчкиот народ ни даде јасен мандат да продолжиме да се бориме внатре и надвор од земјата за да ја зголемиме гордоста на нашиот народ“, изјави Ципрас, додавајќи:

„Денес во Европа Грција и грчкиот народ се синоними на отпор и достоинство“, рече тој.

Првата задача на Ципрас по формирањето влада ќе биде да ги убеди кредиторите од Европската унија дека биле направени доволно чекори за обезбедување на следната транша од финансиската помош.

Тука секако е неопходноста од справувањето на Грција со бегалската криза откако оваа земја стана главно место за влез на десетици илјади луѓе кои од Блискиот Исток бегаат за Западна Европа.

Се очекува Сириза да формира влада со досегашниот нивен партнер, малата десничарска партија Независни Грци.

Според скоро сите пребројани гласови, Сириза доби 35,5 насто од гласовите и ќе има 145 пратеници во парламентот во кој има 300 пратенички места.

Нејзиниот ривал, конзервативната Нова демократија доби 28 проценти, односно 75 мандати.

Нова демократија веднаш го призна поразот, а лидерот Вангелис Меимаракис го повика Алексис Ципрас што побрзо да формира влада.

Крајно десничарската Златна зора е на трето место со нешто над 7 насто од гласовите и 18 пратеници. Комунистите добија 15 пратенички места.

Околу 9 милиони и 800 илјади Грци со право на глас излегоа на изборите за нова влада која треба да го спроведе спасувачкиот пакет од три години што парламентот го одобри во минатиот месец.

Тогаш оставка поднесе премиерот Ципрас кој побара вонредни избори по седуммесечните преговори со странските кредитори. Тоа беше третто гласање во Грција во оваа година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG