Достапни линкови

Педалинките прават проблеми во Струга


Најголем дел од несреќите во Охридското Езеро се случуваат со педалинки. Ги возат премногу малолетници и не добиваат инструкции како да ги користат. Исто така е проблем што педалинките се користат и во зоната намената само за капење, велат во струшкиот Црвен крст.

Голем број педалинки секој ден пловат по Охридското Езеро кај Струга и прават проблеми, предупредуваат од струшкиот Црвен крст. Од таму велат дека она што загрижува е што многу малолетници ги користиле овие пловни средства. Додаваат дека последните два случаи на давење во езерото биле токму на малолетници. Последниот на 14-годишно дете, кога игра на педалинка можела да заврши трагично ако на време не реагирале спасителите на вода.

Околу 90 отсто од интервенциите кои сме ги имале биле од педалинка, со помош на педалинка или се случиле поради не добро однесување на капачите со такви пловни објекти. Премногу малолетни деца има и не добиваат инструкции како да ја користат педалинката.
Тодор Јанкулоски, спасител на вода во Струга.

„При игра од педалинка, едниот малолетник се лизга од педалинка и скока, а неговиот другар кој се обиде да го спаси помина многу полошо отколку детето. Беа премногу далеку ниту со двоглед не можевме да ги видиме. Кога ни ги донесоа викнавме Брза помош и пруживме прва помош и за среќа сè се заврши добро. Околу 90 отсто од интервенциите кои сме ги имале биле од педалинка, со помош на педалинка или се случиле поради не добро однесување на капачите со такви пловни објекти. Премногу малолетни деца има и не добиваат инструкции како да ја користат педалинката“, вели Тодор Јанкулоски, спасител на вода.

Тој вели дека исто така е проблем што педалинките се користат и во зоната намената само за капење.

Не дека педалинките не треба да работат, туку треба да работат надвор од капалиштата и не треба да се издаваат на малолетници. Најголемите инциденти потекнуваат од малолетните лица на кои им се издаваат овие пловни средства.
Адуриме Даути, секретар на Црвен крст Струга.

„Има многу педалинки кои се наоѓаат внатре во капалиште. И покрај нашите предупредувања дека не смеат да се внатре во капалиште, тие не излегуваат, вели Јанкулоски.

Адуриме Даути, секретар на Црвен крст Струга, ги повикува институциите да преземат соодветни мерки додека, како што вели, не биде доцна.

„Црвен крст на Македонија, општинска организација од Струга, ги повикува сите надлежни органи да преземат мерки во однос на педалинките и другите пловни објекти кои се користата најмногу од малолетници за да немаме инциденти и трагедии и за да успееме оваа сезона да ја завршиме без трагични моменти“, вели Даути.

Тој уште посочува дека треба да се контролираат оние кои изнајмуваат педалинки, на кого изнајмуваат и дали даваат елеци за заштита.

„Не дека педалинките не треба да работат, туку треба да работат надвор од капалиштата и не треба да се издаваат на малолетници. Најголемите инциденти потекнуваат од малолетните лица на кои им се издаваат овие пловни средства“, рече Даути.

XS
SM
MD
LG