Достапни линкови

Поплавите го опустошија тетовско


По поплавите во Тетовско
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

По поплавите во Тетовско

Со огин и со вода нема играчка, велат жителите на тетовска Мала Речица. Сепак, освен во природната катастрофа, прстот го вперуваат и во властите.

Пустош во тетовско по вчерашното невреме кое одзема четири животи, а по двајца луѓе сé уште се трага. Тетовската полиција соопшти дека две деца од две и 14 години и 83-годишен старец од Шипковица, како и седумгодишно дете од Тетово, кое загинало во Голема Речица, се жртвите на поплавите во тетовскиот регион. Полицијата трага по девојче на околу шест години од село Шипковица и по 61-годишен маж од село Лисец, кои се водат за исчезнати.

Земја, коли носеше сосе луѓе, а тоа е од негрижа на овие наши луѓе. Претходниот претседател на општината носи горе шут да отвори пат за себе, тоа е сега дојдено тука. Тоа е поради негрижа на нашите луѓе.
Реџепи Ахметали, жител на Мала Речица.

Улиците во тетовска Мала Речица се затрупани со кал, песок, дрвја и камења, од кои некои големи колку половина автомобил. Невремето синоќа по селските улици носело и цели автомобили. Постапокалиптичните слики ги нарушуваат стотиците жители излезени пред куќите, кои се обидуваат колку што може со лопати и црева со вода да ги подрасчистат дворовите. За вистинско чистење може да стане збор само со сериозно ангажирање на тешка градежна механизација. Еден багер и два камиони беа паркирани кај Државниот тетовски универзитет во Мала Речица, но додека нашата екипа беше во селото, тие не работеа.

Три деца имаше, едвај ги извадивме и после почна да носи.
жител на Мала Речица.

На прашањето што се случи синоќа, жителите само ги креваат рамениците и велат со оган и со вода нема играчка. Врнеше 15 минути, а направи штети од милиони евра, велат тие. Сепак, освен во природната катастрофа, прстот го вперуваат и во властите. Велат дека каналот за потокот со години не е исчистен, а за песокот и камењата што синоќа ги донела водата на селските улици раскажуваат дека се всушност градежен шут, кој сега Шар Планина го враќа во селото.

Реџепи Ахметали вели дека во штетата во неговиот авто-лакерски дуќан е над 60 илјади евра. Водата достигната три метри длабочина, поплавена е комората за бојадисување, опремата и машините, вели тој.

„Земја, коли носеше сосе луѓе, а тоа е од негрижа на овие наши луѓе. Претходниот претседател на општината носи горе шут да отвори пат за себе, тоа е сега дојдено тука. Тоа е поради негрижа на нашите луѓе.“

РСЕ: А каналот беше исчистен?

„Ма какви. Само вчера се работеше од 10 до 1 ноќе, сега ете гледаш веќе не се работи“, вели тој.

Жителите раскажуваат дека вчерашното невреме ги однело паркираните автомобили од пред куќите, а поројот носел и автомобили со луѓе, но тие успеале да се спасат. Дел од луѓето утринава се обидуваа да ги откопаат затрупаните возила. Во исто време и разочарани, но и среќни, велат кола се купува, ќути што извлековме жива глава.

„Тој Голф петката со луѓе беше, избегаа.“

„Три деца имаше, едвај ги извадивме и после почна да носи“, велат жителите.

Наноси од кал има од Мала Речица сè до излезот на автопатот кон Гостивар.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG