Достапни линкови

Работната група само што почна и си даде одмор


​​На досегашните средби работната група единствено посуштински разговараше за Избирачкиот список, а многуте прашања кои треба да се решат ќе почекаат по одморот.

Работната група која повеќе од една недела работеше на спроведување на договорот од Пржино за излез од политичката криза може да здивне по викендот и празникот, бидејќи заминува на еднонеделен одмор. Меѓутоа, во претстојниот краток период, со оглед на тоа дека изборите се договорени за во април, треба да се решат многу барања што се содржани во извештајот на експертот Прибе, меѓу кои и слободата на медиумите, правосудството, службите за безбедност, изборните проблем, за кои решенијата веројатно ќе се бараат по предвидената пауза.

Мислам оти таа нивна одлука е усогласена и со претставниците од ЕУ кои соработуваат во нивната работа овде на работните групи. Така што сигурно воделе смета и едните и другите тој одмор да не ја оштети динамиката и да се сочуваат роковите за сите предвидени задачи во наредниот период.
Стојан Андов, политичар.

На досегашните средби работната група единствено посуштински разговараше за Избирачкиот список, а на маса беа ставени неколку предлози меѓу кои пререгистрација на гласачи. Отворена е и темата за специјален јавен обвинител, гласањето на дијаспората и за позиционираноста на ДИК во однос на другите институции поврзани со изборите.

Иако се куси роковите за исполнување на договорот од Пржино и препораките од извештајот експертите се надеваат дека на решенијата нема да се чека надвор од роковите бидејќи очекуваат дека странците се сериозно заинтересирани за исполнување на договорот од Пржино.

„Мислам оти таа нивна одлука е усогласена и со претставниците од ЕУ кои соработуваат во нивната работа овде на работните групи. Така што сигурно воделе смета и едните и другите тој одмор да не ја оштети динамиката и да се сочуваат роковите за сите предвидени задачи во наредниот период“, вели политичарот Стојан Андов.

Нема многу време за тоа што значи враќање на институциите во нормална функција. Најверојатно во однос на јавниот специјален обвинител туку ќе има малку повеќе работа. Но овој пат ЕУ е сериозно инволвирана во сите овие задача кои треба да ги завршиме.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

Според експертите најкритични прашања од политичкиот договор е именувањето на јавен обвинител. Прашањето за специјален јавен обвинител е исто така обврска која е договорена и која треба да заврши до 15 септември, а за тоа кој треба да биде јавен обвинител согласност треба да дадат сите четири партии. Експертите се надеваат дека август ќе биде искористен ефикасно.

„Нема многу време за тоа што значи враќање на институциите во нормална функција. Најверојатно во однос на јавниот специјален обвинител туку ќе има малку повеќе работа. Но овој пат ЕУ е сериозно инволвирана во сите овие задача кои треба да ги завршиме“, вели Исмет Рамадани кој укажува дека договорот од Пржино треба да и го отвори патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Нормално дека до крајот на октомври треба да имаме и видлив резултат во овој однос зошто сепак треба да имаме нов извештај од ЕК дали Македонија врз основа на тој извештај ќе добие препорака за отпочнување на престапните преговори со ЕУ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG