Достапни линкови

Турни ме да кинисам со препораките на Прибе


Ако се продолжи да се работи со интензитетот со кој почнаа работните групи многу тешко ќе се реализира сè што е договорено во двата документа од Пржино, но и сè поврзано со забелешките на Прибе.

Почнува спроведувањето на договорот од Пржино. Со вакви најави се опишува веќе втора недела третата средба на работната група, втора успешна, откако првиот состанок не се реализираше по барање на ВМРО-ДПМНЕ. На денешната средба, исто како и на минатонеделната, тема е Државната изборна комисија. Работната група во следниов краток период, со оглед на тоа дека изборите се веќе договорени за во април, треба да реши многу работи, односно сè што е содржано во извештајот на експертот Рајнхард Прибе, меѓу кои и слободата на медиумите, правосудството, службите за безбедност, изборните проблеми.

Со оглед на целокупната ситуација во која се наоѓа државава и државните празници и годишните одмори што следуваат, секое одолговлекување на закажаните средби и нерешавање на точките од извештајот на Прибе нè става во ситуација да бидеме скептични за решавањето на проблемите.
Митко Гаџовски, политиколог.

Ако се продолжи да се работи со интензитетот со кој почнаа работните групи многу тешко ќе се реализира сè што е договорено во двата документа од Пржино, но и сè поврзано со забелешките на Прибе, оценува политикологот Митко Гаџовски.

„Со оглед на целокупната ситуација во која се наоѓа државава и државните празници и годишните одмори што следуваат, секое одолговлекување на закажаните средби и нерешавање на точките од извештајот на Прибе нè става во ситуација да бидеме скептични за решавањето на проблемите. Мислам дека доколку не се интензивираат тие средби и доколку работните групи не работат речиси секојдневно, многу тешко ќе се заврши она што е дадено како работна задача до изборите“, вели Гаџовски.

Се плашам дека ако ова темпо се задржи, дека ќе се вратиме на сугестиите од Меѓународната кризна група дека ќе треба некој да ги потврди изборите за тие предвремени избори да се одржат, така што реално постојат шанси и тие да се одложат за одреден временски период.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Целата ситуација со одолговлекувањето на договарањето повеќе им одговора на владејачките партии, вели аналитичарот Алберт Муслиу, според кој и вината ако не се спроведат бараните промени ќе падне врз нив.

„Да не заборавиме и првиот и вториот договор од Пржино се политички, не се договори кои се поминати во парламент. Се плашам дека ако ова темпо се задржи, дека ќе се вратиме на сугестиите од Меѓународната кризна група дека ќе треба некој да ги потврди изборите за тие предвремени избори да се одржат, така што реално постојат шанси и тие да се одложат за одреден временски период додека сè тоа што го презеле политичките партии како обврска не се спроведе во целост“, вели Муслиу.

Инаку, Меѓународната кризна група на почетокот на месецов препорача формирање привремена Влада преку нормална собраниска процедура, со соодветно членство на сите главни партии, чија главна задача би била да ги спроведе реформите неопходни за кредибилни избори до април 2016. Неколку дена подоцна, под силно меѓународно посредство, се постигна договорот според кој ќе се сменат неколку министри, а Груевски ќе си поднесе оставка три месеци пред изборите. Главниот посредник, еврокомесарот Јоханес Хан, речиси секојдневно нагласува дека Македонија нема време за губење.

„Најверојатно само меѓународниот притисок може да донесе одредени резултати за поместување од ситуацијата во која се наоѓаме. Такви искуства имаме и од претходно. Ако се остави на нас самите, мислам дека тоа многу тешко ќе се заврши“, оценува Гаџовски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG