Достапни линкови

Македонскиот долг на границата на одржливост


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Економистите често ја критикуваат политиката на трошења на владата, незадоволни од тоа што сите пари со коишто се задолжуваме отишле на непродуктивни трошоци.

Македонија сега се движи во граница на подносливо задолжување и добро е да не се задолжува и понатаму. Потребно е да го држиме ова ниво на долг за да може редовно да го сервисираме, вели Митко Алексов од Сојузот на стопански комори. Критикувајќи јаполитиката на преголемо трошење на Грција, Алексов вели дека искуството кое треба да го имаме предвид е дека не треба да трошиме повеќе од тоа што имаме. Сепак, иако кон странство должиме 6 милијарди евра, според него, нема шанси да ни се повтори грчкото сценарио, наведувајќи дека не случајно и досега бевме во категорија на земји со стабилна економија која може да ги сервисира своите долгови.

Дека должиме 6 милијарди евра тоа треба да се расчлени колку е јавен долг кон странските банки кои се тука, кон компаниите кои имаат земено кредити, а колку е долг на државата и владата. Според официјалните податоци, тоа е на подносливо ниво во моментов меѓу 34 и 35 проценти од БДП.
Митко Алексов, Сојуз на стопански комори.

„Дека должиме 6 милијарди евра тоа треба да се расчлени колку е јавен долг кон странските банки кои се тука, кон компаниите кои имаат земено кредити, а колку е долг на државата и владата. Според официјалните податоци, тоа е на подносливо ниво во моментов меѓу 34 и 35 проценти од БДП“, вели тој.

Меѓутоа, економистите често ја критикуваат политиката на трошења на владата, незадоволни од тоа што сите пари со коишто се задолжуваме отишле на непродуктивни трошоци. Исто така некои економисти сметаат дека грешка е продолжувањето на мегаломанските проекти веќе со години и тоа што владата замижува пред тоа дека честото задолжување го доведува во прашање враќањето на долгот.

Истовремено имаме и пораст на надворешниот јавен долг кој сега изнесува само на државата над 2 милиони и 700 милиона евра. Веќе државниот долг ја надминува границата од 38,2 проценти од БДП што не кореспондира со претходно донесената стратегија за контрола и движењето на јавниот долг на Македонија.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Професор Зоран Ивановски вели дека со право се поставува прашањето дали ќе се обезбеди можност да се обезбеди контрола и фискална консолидација на Македонија во наредниот период. Тој потсетува на годишните извештаи на Министерството за финансии за движењето на јавниот долг. Негова оценка е дека ефикасна беше стратегијата за контрола на јавниот долг за 2010-2012, каде за да се задржи нивото на долгот во рамки на одржливост, имаше таргети долгот да не надмине 30 отсто од БДП и нивото на вкупниот јавен долг да не надмине 40 отсто од БДП. Но, тој истакнува дека сега имаме состојба кога тој изнесува веќе 46 отсто од БДП.

„Истовремено имаме и пораст на надворешниот јавен долг кој сега изнесува само на државата над 2 милиони и 700 милиона евра. Веќе државниот долг ја надминува границата од 38,2 проценти од БДП што не кореспондира со претходно донесената стратегија за контрола и движењето на јавниот долг на Македонија“, вели тој.

Ова покажува дека треба да се води сметка и приоритет на владата мора да биде одржувањето на макроекономската и фискалната одржливост, нагласува Ивановски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG