Достапни линкови

Роковите поминуваат, договор нема


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Во договорот од 2 јуни рокот за договор за влада што ќе ги организира изборите беше до десетти јуни, но од кога по средбата во Брисел стана јасно дека тоа е невозможно, со анекс беше преместен за вчера, кога повторно не се постигна договор.

Вчерашната средба на партиските лидери, како и онаа претходната на 19 месецов, завршија само со договор пак да се сретнат. Организацијата на владата што ќе ги подготви изборите не се договори, иако според анексот на договорот од 2 јуни, тоа требаше да биде главната тема на состанокот. Во самиот договор од 2 јуни, пак, рокот за владата што ќе ги организира изборите беше уште пократок - до десетти јуни, но од кога по средбата во Брисел стана јасно дека тоа е невозможно, со анекс беше преместен за вчера.

Мислам дека некаде до крајот на оваа недела, евентуално другата, доколку има волја да се постигне договор, ќе се постигне. Ако не се постигне, тогаш едноставно треба да се преиспитаат сите овие рокови или кои се обврските што се преземени, или кој и како треба да ги изврши.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Според аналитичарот Владимир Божиновски, сè уште има време да се постигне договор. Тој инсистира дека најважно од сè е да се постигнат роковите за исполнување на обврските кон Европската унија, споменувајќи го не само договорот од 2 јуни, туку и извештајот на германскиот експерт Рајнхард Прибе.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„На сите ни одговора да се најде договор и на самите партии им одговара да се најде договор, така што никому не му одговара ваквата ситуација. Мислам дека некаде до крајот на оваа недела, евентуално другата, доколку има волја да се постигне договор, ќе се постигне. Ако не се постигне, тогаш едноставно треба да се преиспитаат сите овие рокови или кои се обврските што се преземени, или кој и како треба да ги изврши“, вели Божиновски.

Власта не се грижи за тоа. Таа може да наметне темпо онака како што сака. Значи може да ги почитува и да не ги почитува роковите. Веќе е јасно дека три-четири рокови власта не почитуваше. По цела логика сега не важат ниту роковите дека во април ќе има избори. Изборите ќе бидат тогаш кога власта ќе оцени дека е најповолно.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Во досегашните документи од разговорите на кои како гарант ги има личните потписи на лидерите, наведени се и други рокови за важни промени кои не се знае дали ќе може да се постигнат со оглед на бавното темпо со кое се движат досегашните дискусии, што го отвора прашањето дали ќе има доволно време да се спроведат реформите до договорените избори до крајот на април 2016 година. Според аналитичарот Алајдин Демири, одолговлекувањето на дискусиите ѝ одговара на владата за, како што вели, да се задржи повеќе на власт, а опозицијата имала погрешна процена за политичкиот противник.

„Власта не се грижи за тоа. Таа може да наметне темпо онака како што сака. Значи може да ги почитува и да не ги почитува роковите. Веќе е јасно дека три-четири рокови власта не почитуваше. По цела логика сега не важат ниту роковите дека во април ќе има избори. Изборите ќе бидат тогаш кога власта ќе оцени дека е најповолно“, вели Демири.

Договорот од 2 јуни инаку предвидува и до 31 јули да се модифицира составот на Државната изборна комисија, до 30 септември да ѝ се дадат поголеми овластувања за спроведување фер избори. За враќањето на СДСМ во парламентот нема конкретен рок, но предвидено е тие да раководат со анкетната парламентарна комисија основана за скандалот со прислушувањето, а и со комисијата за надзор на електронските комуникации кои првиот извештај треба да го изготват во ноември. Кон средината на јуни и крајот на август 2015 година, ЕУ ќе го олесни меѓупартискиот дијалог за постигнување договор за прашањата од структурни реформи, се наведува во договорот.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG