Достапни линкови

Половина век „Војдан Чернодрински“


Во изминативе 49 издание биле изведени вкупно 474 претстави во официјална конкуренција и 189 во придружната програма во текот на 417 фестивалски деноноќија.

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ одбележува златен јубилеј, 50 години континуитет и успешно следење и презентирање на нивото и развојот на македонската театарска уметност. Манифестација започна во далечната 1965 година во старото, прво кино, на Ѓоре Напе во Прилеп.

Тие создадоа еден монументален фестивал, така да тера, тера, навршува 50 години. Прилеп е верен и љубоморен чувар на својот театарски фестивал, којшто е државен.
Петар Темелкоски, уметнички директор на „Војдан Чернодрински“.

„Првороден фестивал од уметноста МТФ, со група ентузијасти што го покренале, но тоа не е најважно. Тие создадоа еден монументален фестивал, така да тера, тера, навршува 50 години. Прилеп е верен и љубоморен чувар на својот театарски фестивал, којшто е државен“, вели уметничкиот директор, Петар Темелкоски.

Во изминативе 49 издание биле изведени вкупно 474 претстави во официјална конкуренција и 189 во придружната програма во текот на 417 фестивалски деноноќија.

„Педесет години од постоењето на најреномираната театарска манифестација „Војдан Чернодрински“,за долговечноста на овој фестивал, што верувам за секој уметник многу значи“, рече министерката Елизабета Канческа Милеска, честитајќи го јубилејот.

Оваа манифестација доби највисоко признание од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за посебен придонес во развој на македонската театарска уметност, но и култура воопшто.

„Театарот има улога на корективно огледало што искрено ги покажува нештата, какви што се, но и какви можат да бидат, низ драмските заплети и расплети“, рече претседателот Иванов, при врачување на Повелбата на уметничкиот директор, Темелкоски.

Во чест и како споменик на 50 годишниот театарски живот, ќе биде промовирана монографија посветена на оваа манифестација, чиј автор е театрологот Јелена Лужина.

„Го собирам сето она што го докажува вашето минато присуство на сцената, се обидувам и настојувам да го сочувам, и историјата на македонскиот театар да не остане, без ниту едно камче, што секој од вас го вградил во неа“, рече Лужина.

Таа и актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски се лауреатите на годинешниот јубилеен „Војдан Чернодриски“.

Овој пат беа изведени 13 претстави во конкуренција, а на крајот на манифестацијата според оценките на комисијата, ќе се закитат со награди, најдобрите остварувања по категории. Во рамки на фестивалот досега се доделени 663 награди, а заклучно со ова издание и 65 награди за животно дело.

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ низ годините ги подигна критериумите за квалитет во театарот, на сите почитувачи на Талија.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG