Достапни линкови

Има ли случај со корупција од 100 илјади евра?


Илустрација
Илустрација

СДСМ ќе почека Јавното обвинителство да реагира за случајот со поткуп од 100 илјади евра што вчера го објавија. Случајот треба да се испита, велат познавачите.

СДСМ ќе почека извесен период за на тест да го стави Јавното обвинителство, дали ќе реагира по допрен глас, во врска со случајот за наводен поткуп од сто илјади евра, што вчера го обелодени претседателот на партијата Зоран Заев.

Оставивме еден извесен мал период да не процесуираме, нормално како и за сите досега објавени криминали, инкриминирачки дејствија за кои постои сомнеж дека се вмешани носителите на јавни и државни функции во Македонија по извесен период ќе ја процесуираме оваа постапка.
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„Оставивме еден извесен мал период да не процесуираме, нормално како и за сите досега објавени криминали, инкриминирачки дејствија за кои постои сомнеж дека се вмешани носителите на јавни и државни функции во Македонија по извесен период ќе ја процесуираме оваа постапка“, вели партискиот портпарол Петре Шилегов.

На нашето прашање дали Јавното обвинителство планира да преземе истрага за овој случај по допрен глас, од Обвинителството ни одговорија дека постапуваат во рамки на своите надлежности.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Согласно член 272 од Законот за кривична постапка, повод за поведување кривична постапка за сторено кривично дело од страна на јавен обвинител може да бидат сознанија утврдени со непосредно забележување, по допрен глас или по примена кривична пријава. Во таа насока во однос на документот за кој покажувате интерес, обвинителството ќе постапи во рамките на своите надлежности, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, стои во одговорот на Обвинителството.

Во таа насока во однос на документот за кој покажувате интерес, обвинителството ќе постапи во рамките на своите надлежности, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Писмен одговорот од Јавното обвинителство.

Од партијата вчера објавија дека за извесна дивоградба во близина на американската амбасада разговарале, како што тврдат, коалициските партнери Груевски и Ахмети, а потоа наместо куќата да биде урната по наводен поткуп, таа, како што велат, се уште постои.

„Асани најдиректно му соопштува на Ахмети, цитирам: „Доколку ти рече тој нешто, ако крева прашина, ти речи му го тоа, ваква е работата, слободно кажи му, твојот зеде 100.000 евра за работа во Чаир, зашто тој Сашо Мијалков што беше директор, тој зеде 100.000 евра.“ „Тој“ на кој Ахмети треба да му го соопшти ова, според разговорот во првиот дел, е Груевски, со кого Ахмети имал закажано средба“, рече вчера Заев цитирајќи документ кој тврди дека е од УБК.

Мислам дека е недоволно за Јавниот обвинител дефинитивно одлучи дали во конкретниот има и кривично дело. Тоа укажува на некое сомнение дека има нешто незаконско со оглед на тоа дека објектот и понатаму стои.
Јован Трпеновски, поранешен јавен обвинител и член на антикорупциската комисија.

Според поранешниот јавен обвинител и член на антикорупциската комисија Јован Трпеновски, од тоа што се слушна на пресот Јавниот обвинител не може да одлучи дали ќе поведе постапка и како би завршила таа, но треба да предизвика интерес по допрениот глас и да се испита случајот.

„Мислам дека е недоволно за Јавниот обвинител дефинитивно одлучи дали во конкретниот има и кривично дело. Тоа укажува на некое сомнение дека има нешто незаконско со оглед на тоа дека објектот и понатаму стои и сега треба да се истражува дали објектот не е урнат поради тоа што го слушнавме или пак не покажале поголем интерес, независно од парите што се споменаа, органите на инспекцијата и надлежните што треба да го урнат со асистенција на полицијата “, вели Трпеновски. Тој додава и дека ваквите случаи треба да ги ипситува и антикорупциската комисија, но дека таа досега се покажала дека не реагира дури, како што вели, и за посериозни случаи.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG