Достапни линкови

Синдикална повелба: К-15 да не се укинува


Потписниците на синдикалната повелба бараат К-15 за работниците во приватниот сектор да не се укинува.

Претставници на неколкуте синдикати и движења кои се потписници на Повелбата за солидарност, денеска побараа К-15 за работниците во приватниот сектор да не се укинува.

Во услови кога расте економијата треба ССМ, ако навистина ги застапува интересите на работниците, а не на владата и работодавачите, треба да преговара да се зголемат примањата на работниците.
Маријан Ристевски, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

Во период во кој Сојузот на синдикати на Македонија преговара со Организацијата на работадавачи за исплатата на регресот за годишен одмор, пред зградата на ССМ членовите на повелбата прашаа кого штител синдикатот.

„Нели од сите стручњаци, од Светска банка, ММФ, владини претставници, слушаме секојдневно дека економијата во Македонија расте. Во услови кога расте економијата треба ССМ, ако навистина ги застапува интересите на работниците, а не на владата и работодавачите, треба да преговара да се зголемат примањата на работниците, дали во делот на личните примања или во делот на К-15“, вели Маријан Ристевски од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

Потписници на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.
Потписници на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.

Тој нагласува и дека во земјава без разлика дали се работи за економска или политичка криза се завршувало врз грбот на работниците.

Сите работници се исти, без разлика дали работат во приватен или во јавен сектор.
Дејан Лутовски, Ленка.

Дејан Лутовски од движењето за социјална правда Ленка, кое исто така е дел од Повелбата за солидарност, нагласи дека работничката класа, по ниту една основа не треба да се дели.

„Сите работници се исти, без разлика дали работат во приватен или во јавен сектор. Бараме К-15 да биде задолжителен и за вработените во јавниот сектор, бидејќи тие не се ништо помалку од тие што работат во приватниот сектор и да земеме предвид дека дури и со овие мали измени се удира на стандардот на работници и се загрозува нивниот квалитет на живот“, вели Лутовски.

Здравско Савески од левичарското движење Солидарност, пак, нагласи дека работодавачите требало да имаат предвид дека им се намалиле обврските кон работниците, а и онаа за исплатата на К-15 докрај не се почитува и затоа, како што рече, не може да се бара нејзино укинување.

„Ако некои фирми имаат проблеми со рентабилноста, Организацијата на работодавачи се обрати до Владата и нека бара да бидат укинати инспекциите чија единствена цел е наплата на одредена сума пари од страна на инспекторатот, а не рентабилноста и во најголем случај екстрапрофитите да се наплаќаат врз грбот на работниците“, вели Савески.

Регресот за годишен одмор како задолжителен за приватните фирм почна да се исплаќа од лани, а работодвачите уште од тогаш бараат тој да не биде на задолжителна, туку на доброволна основа.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG