Достапни линкови

Сѐ повеќе заинтересирани за фриленс работа


Фриленс работата станува сѐ попривлечна за егзистенција и дополнителна заработка. Во Македонија има повеќе од 5.000 фриленсери коишто се ангражирани на интернационалните фриленсинг платформи, велат познавачите.

Привремената хонорарна работа или фриленсинг се повеќе станува начин како да заработат за живот невработените, но и оние кои веќе работат, а сакаат да ги зголемат личните примања или семејниот буџет.

Во Македонија има повеќе од 5.000 фриленсери кои што се ангражирани на интернационалните фриленсинг платформи. Но тоа не значи дека само пет илјади ќе останат. Има потенцијал скоро секој да биде фриленсер.
Горан Мојановски, Платформа за фриленс работа.

Во Македонија има многу потенцијал, но и потреба поради високата невработеност да се избере ваквиот начин на егзистенција, посочуваат експерите во ова област.

„Во Македонија има повеќе од 5.000 фриленсери кои што се ангражирани на интернационалните фриленсинг платформи. Но тоа не значи дека само пет илјади ќе останат. Има потенцијал скоро секој да биде фриленсер, секој работоспособен да биде и фриленсер. Фриленс работата ги опфаќа следните категории: развој на веб апликации, развој на софтверски апликации, интернет маркетинг, внесување податоци, административна поддршка, бизнис и правни услуги, дизајн и мултимедија и превод и пишување, вели Горан Мојановски, кој заедно со свои партнери неодамна оформи платформа за фриленс работа.

Платформата освен за фриленсерите е можност и компании од цел свет, во Македонија, да најдат некој кој ќе им изработи одреден проект, вели Оливера Костовска.

Он-лајн веб платформа која овозможува поврзување фриленсери лица со одредени капацитети, знаења, вештини и од другата страна креатори на проекти кои се во потрага на овие фриленсери.
Оливера Костовска, Платформа за фриленс работа.

„Он-лајн веб платформа која овозможува поврзување фриленсери лица со одредени капацитети, знаења, вештини и од другата страна креатори на проекти кои се во потрага на овие фриленсери за нивно привремено интелектулано ангажирање“, објаснува Костовска.

Привремените проекти на кои работат се можност за заработка, но уште повеќе и стекнување искуство по кое може да се најде условно речено постојана работа.

„За младите е особена придобивка да започнат со фриленсерство бидејќи можат да ги градат своите вештини од соодветните категории врз основа на работење на разни проекти за краток временски период и потоа кога ќе создадат портфолио со изработени проекти можат да бидат многу покомптетени за вработување подоцна во некое од постоечките компании, дали во Македонија или во странство“, вели Горан Мојановски.

Соединетите Американски Држави важат за земја каде најмногу можности за работа имаат македонските фриленсери.

XS
SM
MD
LG