Достапни линкови

Ќе се чисти депонијата околу муслиманските гробишта во Охрид


Муслимански гробишта во Охрид.
Муслимански гробишта во Охрид.

Повеќе од 2000 метри кубни земја и друг вид на отпад треба да бидат дислоцирани во депонијата Мауцкер.

Граѓаните муслимани од Охрид по триесет години конечно дочекаа да се исчисти депонијата која се наоѓа околу муслиманските гробишта. Велат дека ова било нивно долгогодишно барање. Станува збор за повеќе од 2000 метри кубни земја и друг вид на отпад кои треба да бидат дислоцирани во депонијата Мауцкер.

Ова беше еден голем и горчлив проблем неколку децении. Ние го ветивме и го ставивме во програмата. За многу брз и краток временски период ќе го реализираме.
Зоран Симоноски, директор на Јавното претпријатие Градски гробишта во Охрид.

Директорот на Јавното претпријатие Градски гробишта во Охрид, Зоран Симоноски, вели дека со ова се решава еден голем проблем на граѓаните.

„Ова беше еден голем и горчлив проблем неколку децении. Ние го ветивме и го ставивме во програмата. За многу брз и краток временски период ќе го реализираме. Се работи за некаде околу 2000 метри кубни земја, шут и секаков вид отпад кој со фирмата што го доби тендерот ќе биде дислоциран на депонијата Мауцкер. Реализацијата на овој проект ќе чини некаде околу 500 илјади денари“, рече Симоноски.

Време е да се забрза процесот и да се направи капелата. Ние и претходно го отворивме ова прашање кога беше градоначалник Александар Петрески. Властите во Охрид треба да завршат со документите за урбанизација и да се направи капелата бидејќи е од голема потреба за муслиманите во Охрид.
Кујтим Усеини, советник во Општина Охрид.

Газаменд Хода, секретар во Муфтиството на Исламската верска заедница во Охрид рече дека ИВЗ ја поздравува одлуката да се исчисти целиот простор околу гробиштата кој во минатото беше една грда слика.

„Треба на јавноста да ѝ се стави до знаење дека во иднина нема да има смет во близина на гробиштата на муслиманите“, вели Хода.

Граѓаните муслимани од Охрид имаат сериозен проблем и со недостатокот на капела. Велат дека без капела се повеќе од пет години бидејќи просториите кои порано се користеле како капела пред неколку години биле пренаменети како канцеларии за јавното претпријатие. Директорот Симоноски најави решавање и на овој проблем.

„Имам налог од локалната самоуправа за отпочнување на постапката. Но, во моментот чекаме донесување на детален урбанистички план и по тој план се работи за поголем опсег околу гробиштата. Кога тој ќе биде усвоен и ако е предвидено ние активностите веднаш ќе почнеме да ги реализираме. Имаме и алтернативно решение. За мене подобра варијанта е тие административни простории каде порано функционирала капелата, каде има просторија со сите пропратни елементи, со бојлери, вода и други работи за спремање на починатото лице, за повторно враќање во првобитната положба“, рече Симоноски.

„Време е да се забрза процесот и да се направи капелата. Ние и претходно го отворивме ова прашање кога беше градоначалник Александар Петрески. Властите во Охрид треба да завршат со документите за урбанизација и да се направи капелата бидејќи е од голема потреба за муслиманите во Охрид“, вели советникот Кујтим Усеини.

XS
SM
MD
LG