Достапни линкови

Политичката криза може да предизвика и економска


Намален економски раст, зголемени камати, помалку вработувања, помалку инвестиции, се дел од последиците од политичката криза врз економијата. Ова може да се избегне со брзо решавање на политичката ситуацијата.

Политичката криза може да влијае врз економскиот раст, бидејќи граѓаните ќе се воздржуваат од купување и тоа ќе има домино ефект врз самата економија, оценуваат економистите.

Луѓето сега сакаат да ги преживуваат овие тешки времиња без да размислуваат многу за реинвестиција во нивната компанија и реинвестиција во странски пазари или креирање нови работни места.
Висар Адеми, економски аналитичар.

Повеќето прогнозираат и дека кризата може да ги зголеми и каматите. Ова сценарио може да се избегне само со брз излез од политичката криза, во спротивно и странските и домашните инвеститори нема да инвестираат во економијата, зошто кризата им креира несигурност, вели Висар Адеми. Според него тие свежи пари кои ги очекуваме нема да ги има и тоа ќе се одрази и врз вработувањата. Тој укажува дека негативниот круг ќе почне да се врти и целиот фокус ќе биде насочен кон штедење.

„Компаниите нормално ако не се кредитираат нема да инвестираат во самите производствени и услужни капацитети што ги имаат. Луѓето сега сакаат да ги преживуваат овие тешки времиња без да размислуваат многу за реинвестиција во нивната компанија и реинвестиција во странски пазари или креирање нови работни места. Најважно од сè е да се преживее оваа ситуација, имаме многу прашалници, не се знае што ќе се случи утредента“, вели Адеми.

Земете го пласманот на наши производи, поради страв од исполнување на роковите, поради политичката нестабилност, нарачателите, купувачите на наши производи, многу поверојатно е да одат дури и со поскапи производи од други земји, отколку да ризикуваат со неиспорачаност од наши производи заради политичка криза.
Зоран Витанов, економски аналитичар.

Според економскиот аналитичар Зоран Витанов веќе е видливо негативното влијание на политичката состојба врз економијата и преку откажувањето на аранжмани и преку закочените инвестиции од надвор.

„Земете го пласманот на наши производи, поради страв од исполнување на роковите, поради политичката нестабилност, нарачателите, купувачите на наши производи, многу поверојатно е да одат дури и со поскапи производи од други земји, отколку да ризикуваат со неиспорачаност од наши производи заради политичка криза.“

Гувернерот Димитар Богов изјави дека кризата може да ги зголеми каматите, но Адеми смета дека тоа нема да биде од голема помош, иако целта на оваа мерка е задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор.

Ако има зголемување на каматите ќе се менуваат работите и кај граѓаните и кај компаниите, вели Адеми.

Гувернерот Богов рече дека централната банка ќе има сознанија дали политичката криза ќе има влијание во економијата во јуни и јули, кога ќе ги добие податоците за движењата во април и мај и дополни дека мерките што ќе се преземаат се во насока на здржување на ценовната стабилност.

На земјата очајно и е потребно решавање на политичката ситуација што ќе ја пробудат потрошувачката и ќе го поттикнат економскиот раст, велат економистите.

„Имаме неколку капацитети кои прават над 50 отсто од БДП, ако зборуваме за реалниот сектор и нормално е дека тоа ќе се одрази за останатите негативно. Не сме конкурентни. Кризата ќе избегне и инвестиции и ќе се раскинат договори од Македонија заради ризик дали ќе се испочитуваат од наша страна, итн.“, вели Витанов.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG