Достапни линкови

Засилено полициското обезбедување на државните објекти во Куманово


Полциското засилување има на улицата на која се наоѓаат седиштето на Општина Куманово, полициската станица, Основниот суд, како и пред други институции.

Засиленото полициско обезбедување на институциите во Куманово е поради превентива по најава за некој акт, велат кумановските власти.

„Мислам дека тоа е поминато и треба да останеме мирни и достоинствени во овој момент. На нашето барање за изјава на началникот за информации, тој не упати до Иво Котевски“, изјави за Радио Слободна Европа, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Според него, откако по критичниот викенд во Куманово состојбата се смирила, населението од Дива населба почнало да се враќа дома, училиштата и останатите деловни објекти проработеле, но ова од ноќеска повторно ги вознемирува граѓаните.

Тој додава дека по полициското засилување на улицата на која се наоѓаат седиштето на Општината Куманово, полициската станица, Основниот суд, како и многу други институции, започнале шпекулации и вознемирувачки телефонски повици.

„Сите тие информации имаат подлога и почва само кога немаме целосна информација за состојбата на терен, што е и разбриливо. Во моментот немаме наредба за прекин на настава во училиштата, немаме сугестија ниту од МВР дека не треба да работат јавните установи. Во текот на денот очекуваме информации од Котевски“, вели Дамјановски.

„Порачувам да останеме мирни,со ладни глави и објективно да го перципираме овој период“, изјави Дамјановски.

Инаку, портпатролот на МВР Иво Котевски за МИА информира дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово., не соопштувајќи други детали.



  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG