Достапни линкови

По црниот викенд Куманово полека се нормализира


По полициската акција во Куманово, во градот е тивко. Додека луѓето се обидуваат да му се вратат на секојдневието се прашуваат што им се случи.

Празни улици, молчаливи, забрзани ретки минувачи,загрижени и се уште шокирани кумановци по црниот викенд што го поминаа, граѓаните, се обидуваат да му се вратат на секојдневието. Го нема детскиот џагор, трговските дуќани што гравитираат кон критичната Дива населба главно се затворени.

Оние што ги отвориле ги затвораат многу порано од завршувањето на работното време. Празни се и кафулињата во кои во секое време се слушаше музика и џагор од луѓе кои пијат кафе, зборуваат. Кумановци од сите етникуми се прашуваат зошто ова се случи во нивниот град. Град во кој сиромаштијата, невработеноста, егзистенцијалните проблеми подолго време го притискаат поголемиот дел од населението.

И додека едните коментираат дека каков таков соживот имаат со сограѓаните Албанци, или Македонци и останатите, со надеж дека така ќе продолжат, другите ги обвинуваат политичарите и додаваат дека вака не било ниту во времето на воениот конфликт во 2001-та. Ги мачи неизвесноста.

Куманово - ден потоа
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:48 0:00

„Малку сме подсмирени, но не се плашиме.“

„Една телевизија кажува вака, друга инаку. Сега вие размислете која подобро кажува, која е за народот, која е против народот. Која партија работи за Македонија, а која е против.“

Релативно мирно. Меѓутоа има последици од ова. Народот е замислен, нагаѓа и погаѓа, зошто и како. На Куманово ова ни најмалку не му требаше, како што не му треба на ниту еден град во Македонија. Ова е несреќа и за Куманово и за Македонија.
Анкетиран граѓанин.

„Тоа се се лопови. Тие сакаат да биде војна, а ваму зборуваат за некаков соживот. За каков соживот се работи?“

„Не знам што да кажам. Страв и трепет во коските на луѓето. И на мене и на тие околу мене“, велат запрашаните кумановци, кои живеат во близина на критичниот дел од градот.

Оние кои се подалеку пак, додаваат дека се чувствуваат релативно добро.

„Релативно мирно. Меѓутоа има последици од ова. Народот е замислен, нагаѓа и погаѓа, зошто и како. На Куманово ова ни најмалку не му требаше, како што не му треба на ниту еден град во Македонија. Ова е несреќа и за Куманово и за Македонија.“

„Куманово и до сега докажа дека не сака конфликти. Сепак е мултиетничка средина која што, барем од моите контакти со луѓето, знам дека никој не сака да се направи судир. Луѓето не се подготвени и не сакаат да живеат во средина во која ќе се сее страв. Се надевам дека нашите пријатели, сограѓани Албанци, Македонци и останатите што живеат овде, ќе сфатат дека ова не е така како што изгледа. Едноставно дека сето тоа е фингирано и дека е направено за да се дестабилизира овој град, но и целата наша татковина.“

„Мислам дека Куманово се враќа во нормала. Бевме исплашени, но како данавикнавме малку од минатиот пат. Па ако мораме ќе живееме и со стравот“, велат запрашаните граѓани.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG