Достапни линкови

Фридом хаус: Глобалниот пад на слободата на печатот продолжи


Слободата на печатот во последните 10 години, па и повеќе, е на најниско ниво во глобални рамки, соопшти Фридом хаус. Во извештајот објавен денеска, организацијата со седиште во САД нагласува дека слободата на печатот е значително намалена во 18 земји и територии, а најголемиот пад е забележан во Азербејџан, Србија и во Ирак.

Новите рестриктивни закони и насилството врз новинарите придонесоа за глобално опаѓање на слободата на печатот во 2014 година, донесувајќи ја на најниско ниво во последните повеќе од 10 години. Според денешниот извештај на Фридом хаус, слободата на печатот значително е намалена во 18 земји и територии, а најголемиот пад е забележан во Азербејџан, Србија и во Ирак.

Македонија најлоша на Балканот

Македонија била со најлош резултат на Балканот, односно слободата опаѓа пет години по ред.

Во извештајот се наведува дека Белорусија, Крим, кој е под руска окупација, Иран, Туркменистан и Узбекистан се меѓу 10-те најлоши земји и територии во светот според слободата на печатот, додека Македонија била со најлош резултат на Балканот, односно дека таму слободата опаѓа пет години по ред. Кога сме кај Балканот, најголем пад бележи Србија чиј премиер Александар Вучиќ е критикуван за непријателска реторика и притисок врз независните медиуми.

РСЕ и Кадиџа на мета во Азербејџан

Најголем пад на Балканот бележи Србија чиј премиер Александар Вучиќ е критикуван за непријателска реторика и притисок врз независните медиуми.

Критикувана е азербејџанската влада за притворања, како и затворања на канцеларии на медиуми за да се спречат истражувачки извештаи за корупција и анти владини ставови. Меѓу 9-те затворени новинари таму беше и репортерот на Радио Слободна Европа Кадиџа Исмаилова. Во Азербејџан беше затворено и бирото на РСЕ чии новинари беа испрашувани од полицијата.

Русија - пропаганда и демонизација

Во извештајот се вели дека медиумскиот сектор во Русија се повеќе е во сопственост на државата, на „приватен сектор кој се однесува поданички спрема политичкото раководство“, или на бизнис интереси кои не ги дозволуваат содржините што се критички настроени спрема владата. Русија е критикувана и за агресивна пропаганда, демонизација на опозицијата и политиките на соседните земји чии ставови не и се допаѓаат на официјална Москва. Руските медиуми одиграа клучна улога во подготовката на руската јавност за војната во Украина. Новите закони во Русија под контрола ги ставаат и блогерите и социјалните мрежи односно сите со над 3 илјади посетители.

Фридом хаус нотира и дека Украина, соочувајќи се со воена инвазија од Русија, суспендираше најмалку 15 руски телевизии на кабелските оператори. Литванија, Латвија и Молдавија исто така суспендираа или казнија руски телевизии за недостиг на плурализам или мислење во информативните програми.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG