Достапни линкови

ЕУ со поддршка за Украина, но не воена


ЕУ со подршка за Украина, но не воена
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

ЕУ со подршка за Украина, но не воена

Европската унија нема да испрати воени посматрачи во Украина за надгледување на примирјето, кое не се почитува. Брисел вети хуманитарна помош и дипломатско дејствување за запирање на про-руските сепаратисти од натамошни агресивни чекори. Русија, пак, воено ја засилува линијата на фронтот.

Лидерите на Европската унија го одбија барањето на Украина за распоредување мировници кои би ја надгледувале ситуацијата во источниот дел на земјата каде што и натаму има повремени гранатирања и борби со про-руските сепаратисти.

Европа е решена да дејствува, вклучувајќи ги и санкциите, се додека договорот од Минск не биде целосно имплементиран. Не разговаравме за можните црвени линии на агресијата. Нашата работа е фокусирана врз спречувањето на руските сепаратисти од натамошни агресивни чекори.
Доналд Туск, претседател на Европскиот совет.

На самитот Европска унија – Украина во Киев, сепак Брисел вети зголемување на хуманитарната помош.

Посматрачите на ОБСЕ соопштија дека продолжуваат гранатирањата во источна Украина и покрај примирјето кое беше склучено во Минск, Белорусија во февруари годинава.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по самитот во Киев изјави дека ги разбира барањата на Украина за испраќање мировници, но оти е невозможно Унијата да испрати воена мисија. Туск вети друг вид поддршка за Украина.

„Европа е решена да дејствува, вклучувајќи ги и санкциите, се додека договорот од Минск не биде целосно имплементиран. Не разговаравме за можните црвени линии на агресијата. Нашата работа е фокусирана врз спречувањето на руските сепаратисти од натамошни агресивни чекори“, изјави Туск.

Ние сакаме, договорот за слободна трговија со Украина да стартува од први јануари наредната година и да нема веќе одлагања.
Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија.

Тој додаде дека Европската унија наскоро ќе испрати цивилна мисија во Украина за следење на хуманитарната ситуација во земјата. Имено, во конфликтот меѓу украинските сили и про-руските бунтовници, досега загинале над 6 илјади луѓе, а над еден милион се раселени.

Туск им порача на Украинците дека и покрај тоа што имаат моќен непријател, имаат и голем број пријатели. Треба да сметата на помошта од пријателите, но тоа нема да биде доволно доколку и самите не ја реформирате Украина, порача Туск.

Украинскиот претседател Петро Порошенко, пак, вети забрзување на реформите, оценувајки дека Украина за 5 години ќе биде подготвена да се кандидира за членство во Европската Унија. Но, според Порошенко, сега приоритет е стабилизацијата на земјата на истокот.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во Киев се заложи за забрзување на процесот на интеграција на Украина во Унијата.

„Ние сакаме, договорот за слободна трговија со Украина да стартува од први јануари наредната година и да нема веќе одлагања“, рече Јункер.

Во меѓувреме, во местото Широкине, во близина на Мариопол, кој е под контрола на украинските сили, продолжуваат борбите, јавуваат посматрачите на ОБСЕ, кои регистрирале и раздвижување на тешко оружје. Сепаратистите се заканија дека наскоро ќе преземат нова офанзива врз градот, веднаш по завршувањето на прославите по повод завршувањето на Втората светска војна на 9-ти мај.

Портпарол на Стејт департментот соопшти дека Русија распоредила дополнителни против–воздушни системи во источна Украина и позиционирала неколку на линијата на фронтот.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG