Достапни линкови

Засега повеќе бизнис, помалку политичко влијание од Русија


Русите доаѓаат или како против руската пропаганда
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:53 0:00

Русите доаѓаат или како против руската пропаганда

Русија засега повеќе е ориентирана кон бизнис во Македонија, отколку кон политика, но во иднина може да се очекува и засилено политичко влијание во земјава.

За краток период од американската администрација стигнаа неколку предупредувања за Балканот и Македонија поврзани со руското влијание. Кога станува збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други - Грузија, Молдавија, Придњестровјето, тие се на линијата на огнот, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, одговарајќи на сенаторско прашање во врска со влијанието на Русија во Европа и конфликтот во Украина.

Руските инвестиции во Македонија доаѓаат и се зголемени. Еве најновата ќе биде гасификацијата во Македонија, изградбата на гасоводот од Клечовце до Неготино, таа инвестиција делумно ќе се плаќа со клириншкиот долг што Русија го имаше кон Македонија, меѓутоа не не треба да се заборави дека има неотворени рударски работи во источниот дел на Македонија каде што треба да се почне вадење на бакарна руда и преработка на бакар и мислам дека може да се смета и на други руски инвестиции во земјава.
Мирче Адамчевски, поранешен дописник на Нова Македонија од Москва.

Неодамна и американскиот помошник државен секретар задолжен за односи со јавноста, Даглас Френц, на дебата во Брисел, ги предупреди земјите од Балканот, вклучително и Македонија, за како што рече - она што доаѓа од Русија.

Од таму, пак, засега позасилено во Македонија доаѓаат руски инвестиции.

Што се однесува до пропагандата, според долгогодишниот дописник од Москва, новинарот Мирче Адамчевски, таа пред сè е насочена кон западот.

„Руската пропаганда, ако може така да се каже во наводници, можам само да кажам дека пред неколку месеци, како прилог во весникот Нова Македонија, почна да излегува Руска реч, еден информативен прилог, којшто излегува и во други земји. Ако тоа се смета за пропаганда, тогаш да, во Македонија тоа е веќе нова работа“, вели тој.

Што се однесува до инвестиции, пак, во последниов период рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко стана сопственик на фудбалскиот и на ракометниот клуб Вардар. Во соработка со скопската општина Аеродром ја изгради и салата Јане Сандански, а во близина се наоѓа и неговиот хотел Русија. Во истата населба лани летото почна изградба и на првата руска црква на која исто така донатор е Самсоненко. Руската компанија Лукоил првата бензинска во земјава ја отвори во 2006 година и во моментов има 27 бензински станици. Во земјава присутни се и компаниите Солвеј, Гришко, Протек груп, а во јавноста се шпекулира и дека зад Балкан Енерџи Груп стои руската Синтез груп.

„Руските инвестиции во Македонија доаѓаат и се зголемени. Еве најновата ќе биде гасификацијата во Македонија, изградбата на гасоводот од Клечовце до Неготино, таа инвестиција делумно ќе се плаќа со клириншкиот долг што Русија го имаше кон Македонија, меѓутоа не не треба да се заборави дека има неотворени рударски работи во источниот дел на Македонија каде што треба да се почне вадење на бакарна руда и преработка на бакар и мислам дека може да се смета и на други руски инвестиции во земјава“, вели тој.

Според Адамчевски, во однос на поврзаноста на политичкото влијание преку економијата зависи од тоа колку една земја ќе се поврзе со Москва економски. Ако се дојде до ситуација да стане некоја земја економски зависна од Русија, нормално дека таа ќе има силно влијание и врз нејзината политика, додава Адамчевски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG