Достапни линкови

Ваши коментари - Џабе ја расфрлаат маглата


Државниот врв на средба кај претседателот Ѓорѓе Иванов по инцидентот во Гошинце.
Државниот врв на средба кај претседателот Ѓорѓе Иванов по инцидентот во Гошинце.

Настанот во Гошинце, интервјуто со лидерот на СДСМ, Заев, референдумот за ГТЦ, најкоментирани содржини на нашата интернет страница.

„Македонија беше цел на терористички напад“, изјави портпаролот на МВР, Котевски. Реакциите и коментартите на нашата веб-страница, меѓутоа, кажуваат друго. Ситизен од Скопје прашува дали „не сфатија дека научивме да гледаме и низ магла, џабе ја расфрлаат“. Па додава дека „допрва ќе гледаме уште глупости, за кожата се работи“. „Историјата се повторува, но како фарса. Сепак ова не е 2001 година. Уште еден неуспешен обид за дефокусирање. Каква конциденција.

Каде биле сега специјалните единици, „или ги чуваат за апсење на други како Љубе, како се применува скапата опрема за следење и прислушување, каде се полицајците на кои премиерот им ја поткрена платата или нив ги чува за тепање на граѓаните кои ќе се осмелат да си ги бараат правата..
Коментар на читател.

Секогаш кога нешто се случува, премиерот е токму тогаш во странство“, напишал Незабеган. Анонимен, пак, прашува каде биле сега специјалните единици, „или ги чуваат за апсење на други како Љубе, како се применува скапата опрема за следење и прислушување, каде се полицајците на кои премиерот им ја поткрена платата или нив ги чува за тепање на граѓаните кои ќе се осмелат да си ги бараат правата?“ И Стојан од Скопје мисли дека ова било свртување на вниманието. „Проѕирни сте веќе, и ти и зајо. Преку глава им е на сите“.

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на СДСМ, Заев, вели дека „Македонија никогаш не била меѓуетнички побезбедна зашто народот е гарант и чувар на мирот“.

Ако мислиш дека е мала работа враќањето на демократијата и слободата во земјата, тогаш очигледно си го преспал периодот кога ДПМНЕ или ДУИ протестираа со блокади на улиците и патиштата и никој во полна борбена опрема не им застануваше пред лице...
Коментар на читател.

Незабеган со иронија забележува дека, „По потреба МВРО-ДРПМНЕ може да ја направи уште побезбедна, како во 2001- та, на пример“, но едновремено му порачува на Заев да си оди дома, во Струмица, „не те бива, бате, за политика“, додал во својот коментар. Јас - МКД прашува со која цел се објавуваат лични компромитирачки телефонски разговори, кои немаат, како што смета тој, „допирни точки со политика, криминал и/или корупција. Дали мислите дека со лична дискредитација ќе успеете да го добиете гласот на неопределените гласачи?“. Пиле му одговата со следново: „Ако мислиш дека е мала работа враќањето на демократијата и слободата во земјата, тогаш очигледно си го преспал периодот кога ДПМНЕ или ДУИ протестираа со блокади на улиците и патиштата и никој во полна борбена опрема не им застануваше пред лице...“

По информацијата дека референдумот за ГТЦ не успеа, повторно активниот Незабеган коментира дека била очигледна големата апстиненција на вработените во јавната администрација, и дека „објективните“ медиуми едноставно го прескокнале овој настан, па прашува: „Тотална незаинтересираност или тотална исплашеност за своето мало работно место?“ Љупчо од Центар реагира на нашиот наслов дека референдумот не успеал и прашува дали сме имале легитимен резултат, или можеби, вели со иронија, „некој не успеа во своето наметнување волја на граѓаните?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG