Достапни линкови

Недоизграден колекторски систем за загадено езеро


Недоизградениот колекторски систем, проблемите со кои тој се соочува, како и урбанизацијата на крајбрежјето се едни од главните предизвикувачи на загадувањето на Охридското Езеро.

Најстарото езеро во Европа, Охридското, како никогаш досега се соочува со еколошки предизвици, од кои во голем дел ќе зависи неговата иднина, предупредуваат добрите познавачи на приликите. Недоизградениот колекторски систем, проблемите со кои тој се соочува при неговото работење, како и урбанизацијата на крајбрежјето се едни од главните аспекти на оваа проблематика, велат екологистите.

Понекогаш нешто слично му се случува и на Охридското Езеро, кое периодично е нападнато со опасности од загадување од разни сектори. Загадувањето на тие водни ресурси, загадувањето на почвата, урбанизацијата и опколеноста со смет се сите еколошки проблеми околу езерото кои се не само еколошки, туку преминуваат и во културолошки проблем на нашето подрачје.
Дејан Пановски, Билатерален комитет за заштита на Охридското Eзеро.

Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското Eзеро, рече дека Денот на планетата земја треба да биде едно мало потсетување дека во сите останати денови се вршат жестоки напади врз водата, почвата и живиот свет како да ни се најголеми непријатели.

„Понекогаш нешто слично му се случува и на Охридското Езеро, кое периодично е нападнато со опасности од загадување од разни сектори. Загадувањето на тие водни ресурси, загадувањето на почвата, урбанизацијата и опколеноста со смет се сите еколошки проблеми околу езерото кои се не само еколошки, туку преминуваат и во културолошки проблем на нашето подрачје“, рече Пановски.

Пред сè од земјоделието, но и од нерешениот проблем со канализациониот систем околу брегот на Охридското Езеро, односно населбите кои не се вклучени во колекторскиот систем и на македонска и на албанска страна. Прекумерната употреба на минерални ѓубрива и пестициди, загадувањето со фекални бактерии преку отпадните води.
Ѓоко Зороски, екологист од Охрид.

Ѓоко Зороски, екологист од Охрид, рече истражувањата на терен покажуваат дека и на македонска и на албанска страна Охридското Езеро сè уште се соочува со црни еколошки точки.

„Заклучоците се дека црните еколошки точки коишто биле на Охридското Езеро пред дваесеттина години делумно се решени, но тие остануваат, во однос на загадувањето кое доаѓа од точкести извори на загадување пред сè од земјоделието, но и од нерешениот проблем со канализациониот систем околу брегот на Охридското Езеро, односно населбите кои не се вклучени во колекторскиот систем и на македонска и на албанска страна. Прекумерната употреба на минерални ѓубрива и пестициди, загадувањето со фекални бактерии преку отпадните води“, рече Зороски.

Тој вели дека Македонија и Албанија мора да ги синхронизираат своите активности во делот на заштита на езерото и формирање на заедничко тело.

Изминатава година Локалната агенција за развој од Струга и „Еуропартнерс Дивелопмент“ од Тирана, работеа на проектот „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатка за зачувување и заштита на природните ресурси“. Изработена е посебна студија која ги содржи сите препораки на експерти што треба да се направи за да се искористат сите ресурси со кои располага сливот на езерото.

„Работиме заедно не само на подигање на свеста, туку и во менаџирањето на сливот на Охридското Езеро. Почнавме со истражување за да се вреднува целата ситуација. Ги седнавме на иста маса сите надлежни институции. Одржавме специфични обуки, посебно за локалните субјекти за тие подобро да бидат запознаени за сите систематски проблеми со состојбите со водите, шумите и земјоделството. Ситуацијата не е лесна и е комплицирана. На крајот изградивме локална група на дејствување за подобро да дојдеме до имплементација на проектот“, рече Еднела Пингули од „Еуропатнерс Девелопмент“.

XS
SM
MD
LG