Достапни линкови

Во Белорусија данок за невработените


Во Белорусија данок за невработените
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Во Белорусија данок за невработените

Новиот закон за казнување невработени лица предизвика чудење во Белорусија. Критичарите велат дека оваа легислатива која има за цел да се справува со, како што се нарекува „социјалниот паразитизам“ го крши уставот и ги погодува луѓето кои и онака се погодени од економската криза во земјата.

Витал Јурченка своевремено бил успешен бизнисмен во неговиот роден град Хомел, на југоистокот на Белорусија.

Да гледаш во небото е бесплатно, но не и во Белорусија.

Влошувањето на економската криза го принуди да ја затвори неговата продавница.

Според новиот закон, Јурченка сега е „социјален паразит“ и ќе мора годишно да плаќа по 245 долари, што е значителна сума во Белорусија, како казна за тоа што е невработен.

Витал Јурченка
Витал Јурченка

Законот предизвика чудење во земјата каде што и онака многумина едвај крпат крај со крај.

Јурченка вели дека законот мириса на оние од советско време, кога „паразитството“ беше кривично дело со кое на удар беа оние што работеа приватно или, пак, беа политички дисиденти.

„Ова е како во 1937 година. Оди и работи или ние ќе те принудиме на тоа“, вели тој за Радио Слободна Европа додавајќи:

„Мислам дека луѓето ќе се обидат да го искажат своето незадоволство од ваквиот закон. Мора да ги штитиме нашите интереси“.

Огромен број луѓе работат за владата. Тие примаат плата за да креираат работни услови во земјата.
Витал Јурченко

Законот беше потпишан од претседателот Александар Лукашенко во почетокот на месецов и има за цел, како што е образложено, „да ги стимулира работно способните граѓани да се ангажираат да најдат работа и да ја исполнат нивната уставна обврска да придонесуваат во финансирањето на државните трошоци“.

Лицата кои нема да платат данок за нивната невработеност ќе бидат казнети, најпрвин парично, а потоа и со доброволна работа или затвор.

Некои категории луѓе се исклучени од законот, како на пример, студентите и родителите кои имаат три или повеќе деца.

Јурченка веќе покрена онлајн петиција, барајќи укинување на овој контроверзен закон.

Во петицијата тој наведува дека со него се крши уставот, кој ги штити економските интереси на граѓаните и забранува присилна работа без судска одлука.

Јурченка додава дека со Уставот владата се обврзува да креира работни места за сите граѓани.

Минск
Минск

„Огромен број луѓе работат за владата. Тие примаат плата за да креираат работни услови во земјата“, вели тој.

Петицијата веќе ја имаат потпишано над 25 илјади луѓе, а многумина тоа го користат и да го изразат својот бес во врска со новиот закон.

„Значи жена која има две деца и која се грижи за нив дома, сега е социјален паразит? Како е можно да помине ваков декрет кога во градот воопшто нема работа?“, се само дел од прашањата на граѓаните кои ги поставуваат на интернет.

Некои, пак, законот го исмејуваат:

„Да гледаш во небото е бесплатно, но не и во Белорусија“.

Или:

„Ако читате ќе плаќате. Паметните се размножуваат. На земјата и требаат работници“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG