Достапни линкови

Потребна стратегија за развој на туризмот во Дебарца


Поглед на село Оровник во Општина Дебарца. Фото: Александар Јолакоски at mk.wikipedia
Поглед на село Оровник во Општина Дебарца. Фото: Александар Јолакоски at mk.wikipedia

Плажа од 150 метри ќе добие Општина Дебарца за наредната сезона. Туристичките работници велат дека плажата не врши работа, ако нема стратегија за развој на туризмот.

Општина Дебарца до наредната туристичка сезона треба да добие 150 метри долга плажа, која ќе се наоѓа во близина на Аеродромот во Охрид, покрај самиот пат кој води за Струга. Проектот предвидува целиот простор да биде збогатен со повеќе содржини, фонтани, клупи, пешачки патеки од монтажно-демонтажни материјали, шанкови, санитарен јазол, тушеви, соблекувални и различни реквизити.

За да имаш плажа треба да имаш гости. Кој ќе оди кога од Охрид до Свети Наум имаме повеќе од триесеттина квалитетни плажи. Не велам дека е непотребна, но тоа е правење на куќа од чатија, а не од темел. Темелот е тоа.
Владо Суклоски, туристички работник од Охрид.

Но, инволвираните во туризмот сметаат дека Дебарца како мала општина треба да размислува како да се промовира пред потенцијалните гости, да се развива инфраструктурно, а дури потоа да размислува за изградба на една таква плажа.

Поглед на село Оровник во Општина Дебарца. Фото: Александар Јолакоски at mk.wikipedia
Поглед на село Оровник во Општина Дебарца. Фото: Александар Јолакоски at mk.wikipedia

„За да имаш плажа треба да имаш гости. Кој ќе оди кога од Охрид до Свети Наум имаме повеќе од триесеттина квалитетни плажи. Не велам дека е непотребна, но тоа е правење на куќа од чатија, а не од темел. Темелот е тоа“, рече Владо Суклоски, туристички работник од Охрид.

Плажата е во фаза на проектирање моментално и во наредна фаза ќе оди со изградба. Ние работиме на промоција на туризмот во Дебарца. Имаме изработено флаери и учествуваме во проекти со меѓународна соработка и ја промовираме општината.
Игор Трајкоски, градоначалник на Дебарца.

Тој вели дека општината треба да има добро утврдена стратегија за развој на туризмот, а плажата да биде само еден сегмент од истата.

„Треба да се направи промоција, да се направат рекламни материјали. Тие проспекти да се носат по саеми, да се даваат на туристички агенции. Туристичките агенции да организираат еднодневни ескурзии низ Дебарца, за да се види со што располага Дебарца како понуда за туризам. На крајот од сезоната во септември да се направи една група од искусни туризмолози. Тие да направат стратегија за 4 години за развој на туризмот“, рече Суклоски.

Треба да се следи примерот на Вевчани каде пред 15 години се реализираа само еднодневни ескурзии, а од само еден ресторан сега таму има осум угостителски објекти и одлични сместувачки капацитети, вели Суклоски.

Градоначалникот на Дебарца, Игор Трајкоски вели дека општината прави максимални напори за развој на туризмот. Во селото Црвена Вода било предвидено изградба на викенд населба. Тој вели дека предвидената плажа и е потребна на Дебарца бидејќи тоа било барање на самите жители.

„Плажата е во фаза на проектирање моментално и во наредна фаза ќе оди со изградба. Ние работиме на промоција на туризмот во Дебарца. Имаме изработено флаери и учествуваме во проекти со меѓународна соработка и ја промовираме општината. Со проектот финансиран од ЕУ, меѓу Македонија и Албанија, цел регион се промовира за алтернативен туризам“, рече Трајкоски.

XS
SM
MD
LG