Достапни линкови

Пролетната сеидба ќе доцни


Поради поплавите во Пелагонија ќе доцни пролетната сеидба. Можно е да се намали производството на храна во земјава, но надлежните уверуваат дека нема да дозволат големо поскапување на храната.

Пролетната сеидба во најголемата македонска житница, Пелагонија ќе доцни. Во земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ штетите се проценети на 5000 хекатри најплодна обработлива површина, а поплавите оштетија и неколку илјади хектари земјиште во индивидуалниот сектор. Дел од овие површини беа наменети за пролетната седиба, а некои веќе обработени и прихранети.

До 15 март земјоделците требаше да подготват расади за тутун и градинарски култури да направат. Но, до мај овде не ќе може да се влезе во нивите. А тоа ќе биде многу доцна.
Миле Цветковски, земјоделец од Могила.

Земјоделците се жалат дека по уништувањето на големи површини од есенските посеви, тоа што помал дел од нивите ќе се засеат со пролетни култури, ќе го намали производството на храна во земјава и ќе донесе глад.

„Нивите беа во вода. Излегоа земјоделците видоа на терен, рекоа нема ништо да има“, вели Илинка Божиновска од Могила.

Штетите ќе бидат големи. Ќе имаме големи производствени загуби. Пролетната сеидба на поплавените површини ќе значи доцнење.
Томислав Давков, директор на ЗК „Пелагонија“.

„Нула, само каде што е повисоко ќе има сеидба. Но, и тоа не се исплатува да пушти комбајн. За оваа година ќе нема ни пролетна сеидба. До 15 март земјоделците требаше да подготват расади за тутун и градинарски култури да направат. Но, до мај овде не ќе може да се влезе во нивите. А тоа ќе биде многу доцна“, вели Миле Цветковски, земјоделец од Могила.

Промена во пролетните сеидбени планови ќе има и во земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ кој е еден од најголемите произведувачи на храна во земјава.

„Штетите ќе бидат големи. Ќе имаме големи производствени загуби. Пролетната сеидба на поплавените површини ќе значи доцнење. Ако се повлекува водата ќе се овоможи да се изврши со доцнење. Ќе има промена на планот за пролетна сеидба. За таа цел ќе се прават напори за набавка на механизација зашто ни се кусат роковите, а се зголемуваат површините кои треба да се засеат со пролетни култури“, вели Томислав Давков, директор на ЗК „Пелагонија“.

За време на поплавите над 17 илјади хектари обработлива површина беа под вода, а една третина од нив е прашање дали ќе можат да се засеат пролетва. Од Агенцијата за храна и ветија дека колкави и да бидат оштетувањата, нема да дозволат цената на храната да поскапи во голем процент.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG