Достапни линкови

Заев: Груевски бил нечесен и користољубив


Заев - Груевски менувал урбанистички планови во Центар
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:46 0:00

Од десетата т.н. бомба на опозицијата, како што рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, ќе станело кристално јасно зошто трескавично и по секоја цена се менувале деталните урбанистички планови во Општина Центар.

Шест телефонски разговори на кои како што велат од СДСМ меѓудругите се слуша гласот на премирот Никола Груевски и со нив се докажувала неговата нечесност и користољубивост беа пуштени на денешната прес- конференција што се одржа само половина час пред собирот на ВМРО-ДПМНЕ во салата Борис Трајковски.

​Од десетата т.н. бомба на опозицијата, како што рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, ќе станело кристално јасно зошто трескавично и по секоја цена се менувале деталните урбанистички планови во општина Центар, што се криело во нив освен Панорама и по чиј налог и заради чиј интерес се менувале деталните урбанистички планови. Заев кој презентираше и документи од Централниот регистар и од Кататар тврди дека се работело за парцели во урбанистичикте планови за Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно, а промените на урбанистичките планови ги наложил лично Груевски за како што нагласи задоволување на неговите мегаломански афинитети.

„Сопственост на овие парцели, покрај фирмата Кара на Орце Камчев е и фамозната офшор компанија Ексико. На друга локација, во истиот урбанистички план, Капиштец - Водно, на зафатот веднаш над Панорама, се случила друга промена. Во првиот ДУП стои заштитно зеленило без никакви маркици за парцели. Се работи за катастарските парцели 1926/4 и 1926/5, со вкупна површина од нешто повеќе од 11 илјади м2. Еве ги имотните листови што покажуваат дека се во сопственост на Сирах Инженеринг, чијшто основач и 100 процентен сопственик е фирмата Сирах Лимитед од Белизе, повторно оф шор компанија. Посебно да посочиме дека управител на таа фирма е кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски, чија сестра била и најверојатно се уште работи во кабинетот на Никола Груевски, а самиот Новачевски бил и сеуште е носител на повеќе јавни функции“ рече Заев.

Во еден од телефонските разговори на кој Заев рече дека се слушаат гласовите на Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се слушало како се договара цепкање на локациите за да се сокрие нивната вистинска големина. Претходно, тврди Заев тој дури и се возел со комбе во друштво на највисоки претставници на извршната власт, барајки локации.Во пуштениот разговор се слуша како гласот за кој се тврди дека е на Груевски на соговорникот му вели да се направи некакво тело, комисија или комититет.

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00
Директен линк

„Втор машки глас: Ама не, можи да биде точка на Градежна експанзија. Секоја недела оди и Акционен план да утврдиме првиот состанок и послем да си тераме по него.

Прв машки глас: Ама ќе ти знаат сите, таму има секакви шушљупаковци што присуствуваат на Градежна експанзија. Што знам, а?

Втор машки глас: Не, во продолжение. Ќе му речам на тие, ќе му се заблагодарам, бидејќи најголемиот дел идат, другите ќе си продложиме со градежни. Барем дури да ја залауфаме работава, послем ако има ќе го проретчиме.

Прв машки глас: Добро.

Втор машки глас: Ќе има доста работа на почеток таму.

Прв машки глас: Добро, ти оцени како мислиш, само да не ти искочи по весници нешто. Мада, немаше нешто спектакуларно за по весници. У секој случај превземи го, секоја втора недела терај го.

Втор машки глас: Добро.

Прв машки глас: Значи ти си одговорен за спроведување на договореното од комбето.

Втор машки глас: Во ред”

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00
Директен линк

Во друга снимка пак за која Заев тврди дека исто така се слушаат гласовите на Груевски и Јанакиески се слуша разговор за како да се постави патот при што гласот за кој Заев вели дека е на Груевски вели да се бутне патот повеќе на нивна територија, а не да биде пола ваму пола таму.

„Прв машки глас: Тие да беа на наше место на пола ли ќе го стаат?

Втор машки глас:..малку погоре, па го спуштивме ние најдолу што може, за да, оти после е пад голем.

Прв машки глас: Мхм. Добро, океј ако е така, океј.

Втор машки глас: Ќе проверам уште еднаш дали може да оди пониско, ама максималното...

Прв машки глас: Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.

Втор машки глас: Така да. Ќе проверам уште еднаш.

Прв машки глас: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.

Втор машки глас: Така.”

СДСМ: Миле Јанакиески и Никола Груевски (разговор 5)
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00
Директен линк

Заев нагласи и дека само оставки и преодна влада се излез од политичката криза додавајќи дека ќе ги објавеле сите снимки на кои се слуша за криминали, без разлика на партиската припадност на соговорниците.

СДСМ: Миле Јанакиески и Никола Груевски (разговор 4)
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00
Директен линк

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:38 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:16 0:00
Директен линк

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG