Достапни линкови

Грција: Сакаме правда, не одмазда


Грција: сакаме правда не одмазда
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Грција: сакаме правда не одмазда

Грција има законска основа да бара воени репарации од Германија. Ова го изјави грчкиот министер за правда Никос Параскевопулос, оценувајќи дека е случајно тоа што ова прашање повторно е покренато во време кога земјата бара спасувачки финансиски пакет од 240 милијарди евра.

До ова изјава на министерот дојде откако премиерот Алексис Ципрас во парламентот изјави дека ќе поддржи повторно формирање на парламентарна комисија за да го испита барањето за воени репарации.

Министерот Параскевопулос изјави дека судската одлука од 2000 година со која се дозволува конфискување германски имот како компензација на роднините на 218 жртви кои биле убиени од нацистите во селото Дистомо.

Станува збор за Гете институтот во Атина кој често пати е спомнуван во врска со ова прашање.

Никогаш не е добро време. Секогаш ќе има некаква коинциденција. Германците имаат и законска и морална обврска.
Стелиос Перакис, професор на Пантеон Универзитетот.

Некои грчки експерти сметаат дека тоа не е добра идеја и оти Грција мора да биде претпазлива кога се работи за странски имоти.

„Суштината на пресудата е дека Германија треба да плати репарации“, вели Стелиос Перакис професор на Пантеон Универзитетот за меѓународни и европски односи.

Потегот е во време кога растат тензиите меѓу Атина и Берлин откако новата левичарска грчка влада се бори да ги убеди партнерите во Европската унија повторно да преговараат за условите за добивање на финансискиот пакет од 240 милијарди евра, односно за напуштање на острите мерки за штедење.

Коментирајќи дали е вистинско време сега да се покренува прашањето за репарации, професор Перакис вели:

„Никогаш не е добро време. Секогаш ќе има некаква коинциденција. Германците имаат и законска и морална обврска“, вели тој.

Во вторникот, премиерот Ципрас ги обвини досегашните германски влади дека користеле законски трикови за да избегнат плаќање на репарациите.

Минатиот месец Берлин повтори дека прашањето за воените оштети било решено на разговорите меѓу светските сили кои водеа до обедување на Германија во 1990 година.

Германската влада оцени дека новиот став на грчката влада е одвраќање на вниманието од сериозните финансиски предизвици со кои се соочува Грција.

Грчката кампања за воени репарации која веќе неколку децении се води меѓу двете влади и приватни лица, кулминира по болните остри мерки за штедење воведени од еврозоната од 2010 година како услов за добивање на пакетот за спасување на Грција од банкрот.

Масакрот во селото Дистомо е само дел од нацистичките злосторства во Грција. За време на Втората светска војна, нацистите, според грчките власти, уништиле стотици други села, егзекутирале илјадници граѓани и ограбиле многу пари од Грчката централна банка.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG