Достапни линкови

Кражба на избори - седма „бомба“ на СДСМ


Лидерот на СДСМ, објави разговори со како што вели, докази за изборните грабежи што ги прави премиерот Никола Груевски со неколкумина негови соработници.

Како власта прави фалсификат на изборите за да се одржи власт. Телефонски разговори со кои ќе се докажело тоа, објави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција. Тој најави дека оваа прес-конференција ќе трае подолго и ќе биде само почеток на, како што рече, криминалите на власт поврзани со изборите. Спомена дека имало материјали со кои ќе се докажело фалсификувањето на лични документи кои биле користени во изборните циклуси, материјали со кои се докажуваат притисоци врз администрацијата, фирмите, земјоделците, наставници, врз социјално загрозените, злоупотребата на пензионерите.

Во првиот сет од пет разговори, беа објавени разговорите меѓу, како што велат од СДСМ, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со различни соговорници, потоа разговор за кои од СДСМ тврдат дека е меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, од кои може да се слушне како се правеле изборни нерегуларности.

Во првиот сет од разговори, можеше да се слушне како гласот за кој тврдат од СДСМ дека е на Гордана Јакулоска признава како во станови од 40-тина квадрати има по 50 луѓе од Пустец, на кои им издавале лични карти.

Во првиот сет од разговори, можеше да се слушне како гласот за кој тврдат од СДСМ дека е на Гордана Јакулоска признава како во станови од 40-тина квадрати има по 50 луѓе од Пустец, на кои им издавале лични карти. Зборуваат дека имало пријавени по 40-тина во една куќа во села во кои има вкупно 40 жители. Стравуваат тоа да не излезе во медиуми, за да не биде како што велат „апла“ и да не се активираат ОБСЕ, оти се под силна опсервација. По што министерката, како што тврди СДСМ, вели колку што може толку, да биде со усул.

Гласот за кој тврдат дека е на Јанкулоска низ смеа кажува како гласаат „човечињата“во Општина Центар, мислејќи на гласачите од Пустец. А машкиот глас за кој се тврди дека е на Груевски за загубата во Центар вели:

„Да ни беа преспанците ќе завршевме работа во прв круг.“

Втор сет од 4 разговори зборува за притисоци врз фирми, потоа како како инспекциите на УЈП казнувале за да вршат притисоци, како се одземале лиценци за такси компани.

Третиот сет од три разговори, според Заев, ги докажуваат притисоците врз земјоделците.

Четвртиот сет од шест телефонски разговори, според Заев, ги покажуваат притисоците врз социјалните случаи кои ги координираат Јанакиески и Јанкулоска.

„Треба таму многу внимателно оти Циганите таму ги држи Циц и може да не издадат“, вели женски глас на една од снимките, кој, според Заев, е на министерката Јанкулоска.

Во наредните четири разговори, според Заев, се разобличуваат притисоците врз администрацијата. Јанакиески им наложува на директорите да ги донесат вработените на гласање во Могила и Новаци, а и притисоци во Општина Центар.

„Треба да гласаат за нас и потврда да дадат дека гласале за нас. Со триаголниче да заокружат за да знаеме“, вели машки глас на една од снимките.

Инаку ова е седма т.н. бомба на опозицијата. Во понеделникот тие објавија единаесет телефонски разговори, како што велат, се меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за финансии Зоран Ставрески, од кои, како што рече Заев, се слуша за лошата економска состојба во која се наоѓа државава и за тоа како лично Груевски им издавал наредби на неговите министри да работат противзаконски и да прават нелогични буџетски трошења. Ставрески истиот ден оцени дека снимките биле нецелосни и со селективна природа и имале цел да внесат раздор во економскиот тим на Владата. И другите претставници на Владата, меѓу кои и премиерот Груевски досега не ја потврдија автентичноста на снимките туку нагласуваат дека е важно од каде му се тие на лидерот на опозицијата.

XS
SM
MD
LG