Достапни линкови

Младите учат дома, сонуваат за странство


На последното истражување на Реактор, околу 40 проценти од младите одговориле дека за пет години својата иднина ја гледаат во друга држава.

И покрај најавите за инвестиции, индустриски зони и отворање нови работни места во општините, младите луѓе шансата за егзистенција не ја гледаат во внатрешноста на Македонија, вели Зоран Илиески од невладината организација Сега. Проблемот со иселувањето најмногу се чувствува во источниот дел на Македонија. Факултетите до неодамна во најголем дел се наоѓаа во Скопје и тоа влијае врз иселувањето, но тоа е надополнето пред сè со тешкиот пат до наоѓање работно место, вели Илиески.

Дури една третина е незадоволна од местото каде што живее и се гледа надвор. Притоа, најчесто луѓето се гледаат надвор од државата, односно преселени во странство, и така се гледа секој петти граѓанин на Република Македонија.
Неда Коруновска, НВО Реактор.

„Тоа е еден момент којшто бележи тренд во последните десетина години во Македонија и затоа кога ќе ја видиме демографската структура, доколку Македонија има два милиони жители, еден милион се наоѓа во Скопје“, вели Илиески.

Невладините организации дополнуваат дека најголем дел од младите кои живеат надвор од Скопје сакаат својата иднина да ја градат надвор од Македонија, а сè помалку и главниот град им ја нуди перспективата која ја посакуваат. На последното истражување на Реактор, околу 40 проценти од младите одговориле дека за пет години својата иднина ја гледаат во друга држава.

Кога станува збор за нивната одлука да заминат во која било од европските држави, па дури и во прекуокеанските, за нив не е важно кој топ на работа ќе го работат. Свесни се дека образованието што го имаат овде не им е потребно за работата. Тоа го покажува фактот дека тие се спремни да работат каква било физичка работа, но само да заминат. Значи, кога ќе отидат во САД не им претставува проблем дали ќе најдат работа согласно нивното високо образование.
Зоран Илиески, Коалиција на младински организации Сега.

„Дури една третина е незадоволна од местото каде што живее и се гледа надвор. Притоа, најчесто луѓето се гледаат надвор од државата, односно преселени во странство, и така се гледа секој петти граѓанин на Република Македонија. Скопје не е толку атрактивно, само 2,2 проценти во 2013 и три проценти во 2014 се гледаат во Скопје, значи поголем дел се гледаат во друг град од државата, но не во Скопје“, вели Неда Коруновска.

Иселувањето на младите луѓе се чувствува и во Скопје, а платата во висина на џепарлак е главана причина за заминувањето, вели еден млад човек иселен во земја од ЕУ.

„Нема услови. Работев тука околу една година во една индустрија и примањата беа слаби, таму е многу подобро и во финансиска смисла и во смисла на услови за сместување и за работа, за сè“, вели тој.

Според некои истражувања, најголем дел од иселениците во ЕУ живеат во Италија, потоа следуваат Германија, Австрија, Словенија, а интерес има и за прекуокеанските земји, односно САД.

„Кога станува збор за нивната одлука да заминат во која било од европските држави, па дури и во прекуокеанските, за нив не е важно кој топ на работа ќе го работат. Свесни се дека образованието што го имаат овде не им е потребно за работата. Тоа го покажува фактот дека тие се спремни да работат каква било физичка работа, но само да заминат. Значи, кога ќе отидат во САД не им претставува проблем дали ќе најдат работа согласно нивното високо образование“, вели Илиески.

Инаку, од 2002 година до 2008 година се забележува и масовно одобрување странски државјанства за македонските граѓани. Во тој период околу 5.000 луѓе годишно добивале пасош во друга земја. Се претпоставува дека бројката е многу поголема, бидејќи не се знае колку луѓе имаат нерегулиран престој.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG