Достапни линкови

Околу 12 илјади руски војници во источна Украина


Околу 12 илјади руски војници во источна Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Околу 12 илјади руски војници во источна Украина

Командантот на американските сили во Европа Бен Хоџис процени дека околу 12 илјади руски војници ги поддржуваат сепаратистите во источна Украина. Во исто време западните лидери се согласија дека ќе биде неопходна силна реакција доколку биде нарушено примирјето.

Според американскиот генерал полковник Хоџис, во источна Украина имало руски воени советници и борбени сили.

Кога мајките ќе видат како синовите им се враќаат во ковчези тогаш цената се зголемува и домашната поддршка опаѓа.
Бен Хоџис, командант на американските сили во Европа.

Тој оцени дека помошта со оружје на Украина ќе претставува зголемување на влогот за претседателот Владимир Путин дома.

„Кога мајките ќе видат како синовите им се враќаат во ковчези тогаш цената се зголемува и домашната поддршка опаѓа“, изјави тој, додавајќи дека Украина сакала разузнавачки и одбранбени капацитети кои можат да ги запрат руските тенкови.

Командантот на американските сили во Европа Бен Хоџис
Командантот на американските сили во Европа Бен Хоџис

Белата куќа која и натаму сака дипломатско решение на конфликтот се уште нема донесено одлука дали да испрати оружје за Украина.

Тоа беше можност за претседателот да го осуди постојаното неспроведување на Русија и на сепаратистите што ги поддржува на обврските кои самите ги прифатија.
Џош Ернст, портпарол на американскиот претседател Барак Обама.

И шефот на Заедничкиот штаб на американските сили, генерал Мартин Демпси, во ресорниот комитет на Сенатот, изјави дека Вашингтон би требало да ја снаби Украина со оружје.

Според него, крајна цел на рускиот претседател Владимир Путин е да го скрши НАТО.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама и европските лидери се согласиле дека ќе биде неопходна силна реакција доколку биде нарушено примирјето меѓу Украина и проруските сепаратисти.

Елисејската палата соопшти дека на видео конференција лидерите на Соединетите Држави, Франција, Германија, Британија, Италија и на Европскиот совет ја потврдиле важната улога на ОБСЕ во надгледувањето на договорот за прекин на огнот и за повлекување на тешкото оружје што беше постигнат на 12 февруари во белорускиот главен град Минск.

„Тоа беше можност за претседателот да го осуди постојаното неспроведување на Русија и на сепаратистите што ги поддржува на обврските кои самите ги прифатија“, изјави Џош Ернст портпарол на претседателот Обама.

На видео конференцијата, како што е соопштено во Париз, шесте лидери биле за продолжување на поддршката за напорите на украинските власти да ја заздрават економијата на нивната земја.

Киев и западните влади ја обвинуваат Русија за поддршка на сепаратистите во источна Украина и покрај договорот од Минск. Москва тоа го демантира.

Киев соопшти дека во вчерашното гранатирање од страна на проруските бунтовници загинале тројца Украинци, а деветмина други биле ранети.

Во текот на оваа недела се очекува украинскиот парламент да го поддржи барањето на претседателот Петро Порошенко за меѓународни мировни сили кои би го надгледувале примирјето во источна Украина.

Таму моментално има 520 посматрачи на ОБСЕ, а за евентуално јакнење на нивното присуство е потребен нов мандат.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG