Достапни линкови

Двојно зголемен бројот на вработени во влада


Бројот на вработени во владата во изминатите пет години е двојно зголемен. Во буџетот за 2010 година пишува дека во владата работат 268 луѓе, а во тој за годинава дека има 547 вработени.

Оглас за прием на нови 38 државни службеници во Кабинетот на премиерот Никола Груевски објави Агенцијата за администрација. Се бараат државни советници, помошник раководители на сектори, стручни соработници и советници. Минатата недела дена беше објавено дека се примени двајца нови државни советници во кабинетот на премиерот.

Најверојатно целта е да се згрижат луѓе блиски или членови на партијата коишто од разни причини досега не се згрижени, да се вработат на повисоки работни места во хиерархијата на власта каде што ќе им биде обезбедена и повисока плата и со тоа на тие луѓе да им се оддаде на одреден начин благодарност за ангажманот за потребите и интересите на партијата.
Темелко Ристовски, универзитетски професор.

Во мај 2013 година беше објавен оглас за прием на шест советници на премиерот, во јуни минатата година, беше распишан конкурс за уште 13 советници и луѓе на раководни и нераководни позиции, во октомври беше распишан конкурс за 113 нови вработувања во владата, а пред два и пол месеци владата објави оглас за вработување на 194 државни службеници на различни позиции. Премиерот Никола Груевски тогаш рече дека овие 194 вработени ќе бидат од малите етнички заедници во согласност со Рамковниот договор. Експертите тогаш толкуваа дека масовните предновогодишни вработувања се должат на новиот Закон за администрација кој стапи во сила на почетокот на годинава, а со кој се заоструваат критериумите за работа во државна служба. Паралелно со ова се примаа стотици луѓе и во другите државни институции.

Илустрација.
Илустрација.

Експертот за јавна и државна администрација, професор Темелко Ристовски, вели дека на премиерот не му се потребни толку многу советници во и онака пренатрупаната администрација.

„Најверојатно целта е да се згрижат луѓе блиски или членови на партијата коишто од разни причини досега не се згрижени, да се вработат на повисоки работни места во хиерархијата на власта каде што ќе им биде обезбедена и повисока плата и со тоа на тие луѓе да им се оддаде на одреден начин благодарност за ангажманот за потребите и интересите на партијата“, вели Ристовски.

Бројот на вработени во владата во изминатите пет години е двојно зголемен. Во буџетот за 2010 година пишува дека во владата работат 268 луѓе, а во тој за годинава дека има 547 вработени, што е за 120 повеќе од минатата година. Во службата за општи и заеднички работи на владата бројот на вработени е зголемен од 316 на 375 луѓе, во Секретаријатот за европски прашања од 48 на 98, а во Секретаријатот за рамковен договор во 2015 година има 1637 вработени, наспроти 620 колку што имал во 2010 година.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG