Достапни линкови

Први жртви на хаотичниот закон за хонорарци


Архивска фотографија: Протест против плаќањето придонеси за хонорарите во Скопје.
Архивска фотографија: Протест против плаќањето придонеси за хонорарите во Скопје.

Има два оркестри во државата кои функционираат на хонорарна основа, каде што во месец јануари не е повикан ниту еден член, како последица на овој закон за хонорари, што е голема штета, вели Виктор Илиески од Синдикатот на вработените во културата.

Наспроти контрапортести, штрајкбрехерство, укинување на синдикати, блокади при нивна регистрација, немо посматрање на големите синдикати на се што им се прави на работниците, проблеми со кои се соочува синдикалното движење во земјата, Синдикалната повелба се прошири со уште еден член, Синдикатот на вработените во култура. Пред потписниците на Синдикалната повелба претстои голема борба, оти се она што се случува во последно време кога на секој чекор се кршат работничките права, отвара простор за синдикално дејствување.

Целиот пакет е комплетно нејасен, затоа што многу лесно е да напишеш закон, но да го имплементираш, да го спроведе и сето тоа да функционира. Тие се научија да пишуваат закони на ангро, меѓутоа како тоа влијае, веројатно ја скокнале таа лекција.
Драган Антоновски, ССНМ.

Синдикатите се ставени пред предизвик со законот за придонеси на хонорарно вработените кој стапи на сила со почетокот на годината. Потпретседателот на новинарскиот синдикат, Драган Антоновски, вели дека со конкретни примери сакат да им докажат на властите дека законот не е применлив.

„Затоа што знаете дека ништо не се уплатува во овој момент, се е запрено, недостасуваат правилници, недостасуваат објаснувања, така што подготвуваме прашања, подготвуваме акција на сето тоа. Целиот пакет е комплетно нејасен, затоа што многу лесно е да напишеш закон, но да го имплементираш, да го спроведе и сето тоа да функционира. Тие се научија да пишуваат закони на ангро, меѓутоа како тоа влијае, веројатно ја скокнале таа лекција“, вели Антоновски.

Има два оркестри во државата кои функционираат на хонорарна основа, каде што во месец јануари не е повикан ниту еден член, извршител, односно уметник и не е ангажиран во тие два оркестри како последица на овој закон за хонорари, што е голема штета. два оркестри како последица .
Виктор Илиески, Синдикат на вработените во културата.

Од Синдикатот на вработените во културата со конкретен пример посочуваат на негативностите од овој, како што велат, хаотичен закон.

„Има два оркестри во државата кои функционираат на хонорарна основа, каде што во месец јануари не е повикан ниту еден член, извршител, односно уметник и не е ангажиран во тие два оркестри како последица на овој закон за хонорари, што е голема штета. А од страна на владата кажуваа дека овој закон е само за доброто на вработените, а тука директно има голем атак врз стандардот на вработените од културата“, вели Виктор Илиески од Синдикатот на вработените во културата.

Како проблем со кој се соочуваат нивните работници, тој ги наведува и новите измени на Законот за култура, кој според него, содржи доста штетни членови со кои се суспендира секое преговарање за колективниот договор.

„Срамно и безобразно е девет години културата да нема закон и да има таков хаос во платите во културата што никаде го нема, бидејќи нема нивелација на плати, има разлика на плати по работни места во различни институции од иста дејност“, додава Илиески.

Сашко Тодоровски од Синдикатот на македонската дипломатска служба, потсетувајќи на едно од барањата на минатогодишните првомајски протести- барањето за ослободување на штрајкот, рече дека сега е направен спротивен чекор, односно натамошно угушување и целосно истиснување на штрајкот како законско средство. Тој им изрази поддршка на СОНК и на МЕСО кои, како што вели, се најдоа под голем притисок на бројниот инструментариум кој го употреби владата за угушување на овој штрајк.

„Мислам дека нема потреба да ги посочувам сите инструменти, само би сакал да ја псоочам најголемата лага, дека штрајкувачите не водат сметка за интересот на децата, напротив она што е најстрашно е дека токму доведувајќи ги наставниците на работ на животната егзистенција практично се нарушува интересот на детето. И од тука задача на сите нас, општествена цел е да се погрижиме за добро ситуирани наставници кои ќе можат да бидат квалитетен филтер меѓу она што се случува во општеството и нашите деца. Во такви и само такви услови можеме да бараме од нив не само посветеност, туку и висок квалитет во работата, тоа е сепак минимумот што им го должиме на нашите деца“, вели Тодоровски.

Потписниците на Синдикалната повелба се солидаризираат и со средношколците, студентите професорите во нивната борба против упадот во автономијата на Универзитетот, рече Гоце Маркоски од левичарското движење Солидароност.

„Нашата поддршка е и ќе биде суштинска, не само вербална, кон сите нивни методи и активности коишто ги преземаат“, рече Маркоски.

Синдикалната борба продолжува, велат потписниците на Синдикалната повелба.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG