Достапни линкови

Mасовната урбанизација го уништи Охридското Езеро


Охридското Езеро се соочува со серија проблеми и предизвици сметаат учесниците на дебатата „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро?.

Охриѓани сметаат дека масовната урбанизација која се случувала во градот го уништила Охридското Езеро. Граѓани, претставници на невладини организации и инстутуции во рамките на т.н Мобилен парламент кој е проект на Граѓанската асоцијација „Мост“ ги искажаа своите мислења околу овој проблем на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро?

Охридското Езеро е уништено и тоа на сите ни е јасно. Не ми се верува во моментално во каква состојба е езерото. Наместо еколошки да го развиеме езерото, ние правиме муабет какви ресторани да направиме околу Охридското Езеро.
Никола Паскали, професионален нуркач.

„Пратениците се во парламентот, имаат свои агенди, но многу често забораваат зошто се избрани и како се избрани и дека тие се претставници и пратеници на граѓаните кои треба да исползуваат нешто од корист на граѓаните, а не за лична корист. Идејата е да испорачаме барање до институциите и пратениците и да најдеме што побрзо решение. Ние на ваквите средби ги покануваме претставниците и на власта и на опозицијата“, рече Драган Антоновски, модератор на дебатата.

Во Охрид се одржа дебата на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро?
Во Охрид се одржа дебата на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро?

Никола Паскали, професионален нуркач и Илија Магденоски претседател на урбана заедница Воска 4 сметаат дека Охридското Езеро се соочува со серија проблеми и предизвици.

„Охридското Езеро е уништено и тоа на сите ни е јасно. Не ми се верува во моментално во каква состојба е езерото. Наместо еколошки да го развиеме езерото, ние правиме муабет какви ресторани да направиме околу Охридското Езеро. Отпадните води од таму си одат во езерото која што не е регулирана“, рече Никола Паскали, професионален нуркач.

Што повеќе бетон, пластика и такви неприродни градби што се однесуваат за тој протор. Она што се прави сега е се дава плажа со должина од 700 метри на концесија од Парк до мостот, а според мерењата кои ги направивме е дека на тој простор има само 700 метри должина со трска.
Трајче Талески, Хидробиолошки завод од Охрид.

„Јас предложив исто како и пред десет годони Студенчишкото блато да се претвори во најголем парк на Балканот, но мојот предлог наиде на потсмев. Втор проблем е Коселска река која во голема мера го загадува езерото. Секоја година доставуваме приоритетни барања до надлежните на нивно барање, но исто како да сме ги фрлиле во река“, рече Илија Магденоски претседател на урбана заедница Воска 4.

Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод од Охрид вели наместо да се стремиме кон добивање на што повеќе плажи со сино знаменце, ние се стремиме кон што поголемо уништување на Охридското Езеро.

„Што повеќе бетон, пластика и такви неприродни градби што се однесуваат за тој протор. Она што се прави сега е се дава плажа со должина од 700 метри на концесија од Парк до мостот, а според мерењата кои ги направивме е дека на тој простор има само 700 метри должина со трска. Се дава плажа под концесија во Лагадин, а според препораките таму не треба ништо да се чепка“, вели Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Борис Трајко од ЕД Грашница вели дека гласот на невладиниот сектор се слуша многу малку.

„Изминатите дваесет години работиме на Охридското Езеро, но гласот наш слабо се слуша. Години наназад се бориме против градење односно заградување на Охридското Езеро. Имаме заградени со жица приватни плажи, никој не реагира. Имаме информации дека Студенчишко блато ќе се урбанизира, што е жалосно, а единствен природен филтер за Охридското Езеро е блатото“, рече Борис Трајко од ЕД Грашница.

Ставовите на граѓаните ќе бидат доставени и до локалните власти, но и до пратениците. Освен пратениците и дел од советниците од опозицијата на дебатата не дојдоа пратениците од Охрид и Струга од редовите на власта.

XS
SM
MD
LG