Достапни линкови

Децата во Охрид имаат проблеми со забите


Илустрација,
Илустрација,

Само 2 проценти од децата на возраст од 6-10 години немаат кариозни заби. Седумдесет проценти имале еден до два кариозни заба, а кај 20 отсто повеќе од три кариозни заба.

Бројот на деца кои имаат здрави заби во Охрид е многу мал. Кај само 2 отсто од децата на возраст од 6-10 години од извршените 163 прегледи било утврдено дека немаат кариозни заби. Кај останатите 70 проценти од децата е утврдено присуство на еден до два кариозни заба, а кај 20 отсто повеќе од три кариозни заба. Со превентивните прегледи било констатирано дека 43 проценти од прегледаните деца се со ортодонски аномалии. Кај децата е констатирано и запоставување на млечните заби. Ова го покажале резултатите од испитувањата кои во изминатиот период биле спроведени во Охрид.

Запоставено е здравјето на млечните заби. Родителите треба да поведат грижа и за млечните заби кои сите ги запоставуваме, а тие се важни за растот и развојот на вилиците. Тие го одржуваат местото и за трајните заби.
Емилија Стојаноска, стоматолог.

„Запоставено е здравјето на млечните заби. Родителите треба да поведат грижа и за млечните заби кои сите ги запоставуваме, а тие се важни за растот и развојот на вилиците. Тие го одржуваат местото и за трајните заби“, рече Емилија Стојаноска, стоматолог во приватната ординација Д-р Баткоски.

Илустрација.
Илустрација.

Црвениот крст од Охрид под мотото „Здрава насмевка - среќно дете“ од 8-15 декември ќе ја одбележи Неделата на забоздравствена заштита. Планираните активности се насочени кон едукација на најмладите од основните училишта за правилна нега на забите и подигање на нивото на орално здравје,кој заеднички ќе го реализираат тим на волонтери на Црвен крст Охрид, Одделот за детска и превентивна стоматологија при Здравствен дом Охрид и Стоматолошката ординација Баткоски.

Имаме голем успех посебно со залевањето на трајните заби и успехот е голем. Децата почнаа да се грижат за своето здравје и многу е реткост како што беше порано кога кај деца на седум години сме имале вадење на т.н шестки. Сега веќе тоа е реткост.
Вера Наумовска, специјалист по детска и превентивна стоматологија.

„Предавањата ќе бидат со наслов важност на трајните заби и ќе им се дадат на учениците начелните правила за правилно одржување на оралната хигиена, а ќе се зборува и за здравата храна и за редовна посета на стоматолог, рече доктор Кристина Алоска Стојаноска, волонтер во Црвен крст во Охрид.

Сепак има и позитивни моменти во заштита на забите кај најмладите. Заштита на трајните заби е далеку подобра вели доктор Вера Наумовска специјалист по детска и превентивна стоматологија.

„Имаме голем успех посебно со залевањето на трајните заби и успехот е голем. Децата почнаа да се грижат за своето здравје и многу е реткост како што беше порано кога кај деца на седум години сме имале вадење на т.н шестки. Сега веќе тоа е реткост“, вели доктор Наумовска.

Предавања ќе се спроведат и во руралните средини во основното училиште во Општина Дебрца и во училиштата во селата Пештани, Коњско, Елшани ,Трпејца, Велгошти и Лескоец.

Инаку според лекарите Националната стратегија за орално здравје од 2008 година дава резултати.

XS
SM
MD
LG