Достапни линкови

Односот меѓу Скопје и другите региони е десет спрема еден


Економската моќ во Македонија е концентрирана во главниот град. Во некои категории, таа разлика е 10 спрема 1.

Еден спрема десет е диспаритетот меѓу регионите од внатрешноста и метрополата Скопје во однос на концентрација на економска моќ, извозно ориентирани фирми, капитал и друго. Ова го вели битолчанката Мирјана Герас Дочовска, автор на Студијата и Прирачник за почетници во извозот.

Односот во различни критериуми се движи еден спрема десет. Кога зборувам за критериуми, тоа се концентрација на фирми, концентрација на увозно и извозно ориентирани фирми, концентрација на сите параметри кои го чинат стопанството. Односот е признат од наши еминентни органи и институции, нема потреба да се именуваат европските институции.
Мирјана Герас Дочовска, автор на Студијата и Прирачник за почетници во извозот.

„Една од работите како очигледни недостатоци на системот и поради тоа слабите резултати во извозот на мали и средни претпријатија е диспаритетот меѓу економската сила на центарот Скопје и целокупна Македонија како провинција на центарот. Во Стратегијата за рамномерен регионален развој тоа добро се гледа. Односот во различни критериуми се движи еден спрема десет. Кога зборувам за критериуми, тоа се концентрација на фирми, концентрација на увозно и извозно ориентирани фирми, концентрација на сите параметри кои го чинат стопанството. Односот е признат од наши еминентни органи и институции, нема потреба да се именуваат европските институции. Тоа е наша болна стварност“, вели таа.

Мирјана Герас Дочовска.
Мирјана Герас Дочовска.

Македонското стопанство познава поединечни успешни приказни во извозот на вино, млечни производи, постелнина, метални конструкции и друго. Но, експертите сметаат дека македонските бизнисмени не се доволно подготвени и информирани за настап на европскиот пазар.

Проблеми со кои најчесто фирмите извозници се соочуваат на извозниот пазар се од недозволено познавање на македонскиот извоз и можностите кои тој извоз ги пружа.
Драган Илиевски, експерт за извоз.

„Проблеми со кои најчесто фирмите извозници се соочуваат на извозниот пазар се од недозволено познавање на македонскиот извоз и можностите кои тој извоз ги пружа. Фирмите во најголем дел се оставени сами на себе да го бараат својот пат во извозот и да се борат тоа да биде што поголем меѓународен пазар“, вели Драган Илиевски, експерт за извоз.

Конкретната стратегија за извоз на Македонија во моментот функционира како куќа која нема темел, додава Герас Дочовска.

Постоењето на македонска стратегија и имплементација на истата за извоз. Ние имаме стратегија за промоција на извозен производ, да кажам поинаку имаме стратегија за градење на покрив, но немаме стратегија за темелите. Од бизнисмените и нивната подготовка за извоз на надворешните пазари ќе зависи и успехот на постоечката стратегија за промоција на успехот.

Според експертите, неопходно е да постои сервис со конкретни услуги што им требаат на извозните фирми. За пример ја посочуваат Велика Британија каде има цела државна агенција која на фирмите заинтересирани за извоз им дава бесплатни конкретни податоци за царинските постапки. Кај нас таа можност не е доволно развиена.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG