Достапни линкови

СДСМ - Со сила нѐ направија пратеници и ни даваат плата


Архивска фотографија - Кандидатите за пратеници од опозицијата ги доставија своите оставки.
Архивска фотографија - Кандидатите за пратеници од опозицијата ги доставија своите оставки.

Исплатата на плата на опозициските пратениците се одвива исто како и за сите други, велат од Собранието, а од СДСМ велат дека тие намерно се втурнати во таквата ситуација. Ем не доведоа во ситуација во која децидно објавивме дека не сакаме да бидеме, ем сега не обвинуваат дека нешто сме злоупотребувале од таа ситуација, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Утре се навршуваат седум месеци откако опозицијата го бојкотира парламентот, а Собранието не ги верификува нивните оставки. За собраниските служби тие најпрвин беа неоправдано отсутни, а сега пратеници во оставка. Додека траат парламентарните игри, пратениците од СДСМ и од здружената опозиција земаат плати. Од Собранието објаснуваат дека исплатата на плата на опозициските пратениците се одвива исто како и за сите други, а од СДСМ велат дека тие намерно се втурнати во таквата ситуација.

На сите нас стажот во матичните фирми, организации престанаа да ни течат и насилно бевме пријавени во заводот за вработување како пратеници.
Петре Шилегов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Станува збор за луѓе професионалци, кои пред да се стекнат со пратеничката функција имале професионални кариери секој во својата работа. Како што многу добро им е позната на ВМРО-ДПМЕН и на поголем дел од македонската јавност, функцијата пратеник е неспоива со било какво вршење на друга дејност. Не по наша волја, ние дадовме и изјави за непфаќање на мандати, дадовме и писмени оставки до Собранието. Ние како луѓе, како професионални не можеме да ги објавуваме нашите професионални дејности, имаме лекари коишто не смеат да оперираат, адвокати кои не можат да влезат во судница, имаме луѓе вработени во институции на кои им беше кажано дека нема да одат таму на работа, и на сите нас стажот во матичните фирми, организации престанаа да ни течат и насилно бевме пријавени во заводот за вработување како пратеници“, вели пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

Пратениците ќе земаат плата се до одлуката на Собранието за тоа што ќе се прави понатаму со нивните мандати. Предлог одлуката на Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба се стави на Собраниска седница, но се уште не се знае кога ќе се случи тоа. Извештајот на Комисијата за тоа дали отсуството на пратениците били оправдани ли не, ќе се стави на наредната нова седница што е ја закаже претседателот на Собранието. Во меѓувреме има три закажани седници,меѓу кои и обраќањето на Претседателот на државата Ѓорге Иванов, но извештајот нема да биде ставен на тие седници. Ако на таа седница биде изгласано да им се одземе мандатот, тие ќе престанат да бидат пратеници и со тоа да земаат плата, доколку останат пратеници, ќе продолжат и нивните права како такви.

Решенијата за работен однос на пратениците им ги потпишале уште во времето кога не се знаеше дали СДСМ ќе се врати во Собранието или ќе бојкотира, рекоа ,тогаш од Собранието. Пратениците од минатиот состав си земаат и апанажа, што им следува и според закон, но и тогаш имаше негодувања дека пратениците не го признаваат Собранието, а земаат пари.

Пред неколку денови од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа пратениците од здружената опозиција да ги вратат сите пари што досега ги имаат добиено на име надоместок за пратенички плати. Од владејачката партија реагираа на прес конференција на Рената Дескоска, велејќи дека таа седум месеци по ред добива 65 илјада денари, а се нема појавено на работното место.

Шилегов вели дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни.

„Ем не доведоа во ситуација во која децидно објавивме дека не сакаме да бидеме, ем сега не обвинуваат дека нешто сме злоупотребувале од таа ситуација.“

Портпаролот на СДСМ вели дека што се однесува до Парламентот сега на нив не им останува веќе што да преземат, односно се што требало да преземат веќе направиле во април и во мај, а сега Трајко Вељаноски е тој што треба да ја реши ситуацијата.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG