Достапни линкови

Опозицискиот бојкот никого премногу не вознемирува


Наместо дијалогот за решавање на политичката криза, во фокусот на односите меѓу власта и опозицијата дојде најава за „бомба“ од СДСМ која, според нив, треба да предизвика политички земјотрес.

Опозицијата веќе половина година ја бојкотира работата на Собранието, но се чини дека ниту кај нив, а ниту кај власта нема политичка волја за надминување на оваа криза. Иако имаше средби меѓу претседателите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, не се дојде до решение на проблемот. Потоа следуваа информации за преговори зад сцената со посредник од Европската унија, но и тие засега не донесоа резултати.

Во склоп на овој концепт, денеска ВМРО-ДПМНЕ комотно се однесува зашто смета дека докрај ја поразиле опозицијата. Од друга страна, пак, опозицијата бара клуч како да ја освести власта и како да се освести сама себеси и единственото што им останува е бојкотот. Не треба да се заборави дека бојкотот сепак е политичко делување кога се исцрпени сите други начини.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Професор Алајдин Демири вели немањето волја за решавање на политичката криза е резултат на главниот политички концепт на делување во Македонија, а тоа е, не како да се победи, туку како да се уништи противникот.

„Во склоп на овој концепт, денеска ВМРО-ДПМНЕ комотно се однесува зашто смета дека докрај ја поразиле опозицијата. Од друга страна, пак, опозицијата бара клуч како да ја освести власта и како да се освести сама себеси и единственото што им останува е бојкотот. Не треба да се заборави дека бојкотот сепак е политичко делување кога се исцрпени сите други начини“, вели Демири.

Во моментот кога ќе се тргне тој услов од страна на СДСМ, односно на Зоран Заев, тогаш веќе преговорите ќе бидат откочени. Сè додека постои тој услов едноставно не може да се очекуваат некакви преговори или некаква иницијатива. Можеби Заев мисли дека со самото тоа што се надвор од Парламентот ќе предизвика предвремени избори, што е тотален нонсенс.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Од друга страна, политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека не може да се очекува решавање на политичката криза кога опозицијата бара техничка влада. Таков преседан би значел дека во иднина секој што ќе изгуби избори ќе бара техничка влада, вели тој.

„Во моментот кога ќе се тргне тој услов од страна на СДСМ, односно на Зоран Заев, тогаш веќе преговорите ќе бидат откочени. Сè додека постои тој услов едноставно не може да се очекуваат некакви преговори или некаква иницијатива. Можеби Заев мисли дека со самото тоа што се надвор од Парламентот ќе предизвика предвремени избори, што е тотален нонсенс“, вели Божиновски.

Наместо дијалогот за решавање на политичката криза, во фокусот на односите меѓу власта и опозицијата дојде најавената „бомба“ од СДСМ која, според нивните најави, треба да предизвика политички земјотрес. Дури и владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера го повика лидерот на опозицијата да ги објави сите информации со кои се заканува, а кои според него ќе доведат до оставка на владата за три дена. Дел од аналитичарите сметаат дека заканите со политичка „бомба“ се само начин на Заев да го натера Груевски на преговори, но други велат дека лидерот на опозицијата не смее да се пазари со евентуални инкриминирачки докази за власта, зашто така би станал нејзин соучесник.

Нашите соговорници се скептични дека најавената опозициска „бомба“ може да предизвика поголем политички потрес.

„Не знам што има Заев како бомба. Денеска тие тие бомби тешко функционираат зашто власта целосно го узурпираше политичкиот и општествениот живот, па ако сакате и судството“, вели Демири.

Божиновски, пак, вели дека Заев се заканува со некакви информации зашто се приближуваат роковите за констатирање на прекинот на мандатите на опозициските пратеници.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG