Достапни линкови

Седмиот „Локомоушн“ – Фестивал во изградба


Со учество на четириесетина гости, уметници, програмски уредници, куратори и партнери, од денеска до 1 ноември, во Младинскиот културен центар, РИЦ центарот во „Зебра“ и во клубот „Менада“, ќе се одржи седмото издание на Интернационалниот фестивал за современ танц и перформанс - „Локомоушн“, манифестацијата што ја организира Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста и која овој пат ќе се одвива во крајно критични финансиски услови.

„Разговор“ на германско-шведското дуо Судерман и Содерберг, „Само-создаден човек, земја создадена од човек“ од Американката Урсула Игли и јапонскиот уметник Коџи Сето, „Двигател“ на Александра Јанева Имфилд од Белгија, „Што е перформанс, бе бејби?“ на Драгана Заревска и Александар Георгиев, „Техники на манипулација на движење/Кореографски алатки како средства на манипулација на движење“ на Искра Шукарова и „Причина за болеста“ на Климент Поповски и Викторија Илиоска се само некои од сегментите што ги чинат интернационалната и македонската уметничка програма од актуелниот седми Фестивал за современ танц и перформанс „Локомоушн“, манифестацијата што од 27 октомври до 1 ноември, во организација на Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста, се одвива во Младинскиот културен центар, РИЦ центарот во „Зебра“ и во клубот „Менада“ во Скопје.

Ова „Фестивал во изградба“ значи и тоа дека никако не можеме да застанеме цврсто на свои нозе, дека нема средства. Впрочем секогаш упорно се тврди дека нема пари за современата уметност, а упорно гледаме околу нас дека не е така, дека пари има. Па, до кога ќе нема само за современата уметност останува да видиме.
Биљана Тануровска–Ќулавковски, програмски уредник на Локомоушн.

Според неговите потписници, случувањето годинава не е поддржано со јавни средства, ниту на национално, ниту на локално ниво и се одржува во крајно критични финансиски услови.

Искра Шукарова.
Искра Шукарова.

Биљана Тануровска–Ќулавковски, менаџер на „Локомотива“ и програмски уредник на манифестацијата, знае да каже дека не случајно „Локомоушн“ овој пат го носи поднасловот „Фестивал во изградба“ или „Фестивал на солидарноста“. Таа појаснува дека всушност некаде над 40-та гости од САД, Мексико, европските и земјите во регионов, едноставно нашле начин преку своите фондови и преку институциите во своите земји да соберат средства за да присуствуваат и да бидат дел од актуелната програма.

Она што е потреба е за еден нов вид на израз кој што не се бави само со движење на телото туку повеќе можеби е повеќе идеја што би значело телото денес поставено во современи танцови рамки.
Искра Шукарова, кореографка.

„Во вакви услови каде што немаме некаква финансиска подлога не може да зборуваме за некакви концепти, за програма, туку можеме да зборуваме само за отворање на простори каде што ќе може да се вршат вакви размени на искуства меѓу уметниците итн. Ова „Фестивал во изградба“ значи и тоа дека никако не можеме да застанеме цврсто на свои нозе, дека нема средства. Впрочем секогаш упорно се тврди дека нема пари за современата уметност, а упорно гледаме околу нас дека не е така, дека пари има. Па, до кога ќе нема само за современата уметност останува да видиме“, вели таа.

Сепак, и наспроти ваквата финансиска позиционираност, несомнено и седмото издание на фестивалот се очекува да понуди нов преглед на новото и иновативното во областа на современиот танц и перформанс.

„Денес има преклопување на многу различни нивоа во однос на медиумите и самата потреба на уметникот да се изрази не секогаш останува во домен на еден медиум. Така што, она што е потреба е за еден нов вид на израз кој што не се бави само со движење на телото туку повеќе можеби е повеќе идеја што би значело телото денес поставено во современи танцови рамки“, истакнува кореографката м-р Искра Шукарова.

Од друга страна, вредно е да се спомене дека во рамките на дискурзивната програма ќе може да се проследат предавањето „Изведувачките уметности и фикциската структура на законот“ на Алдо Милохниќ, презентацијата/игра „Како да направиш фестивал со 100 и 1 милион евра?“ за чиј концепт се погрижија Ивана Васева и Ќулавковски, тука е и оф-програмата во рамките на која е планирано одржувањето на импро-музичката сесија со Коџи Сето и македонскиот композитор Александар Пејовски, а Јапонецот заедно со Мартин Ланц Ландазури од Мексико, Питер Скискиоли, Игли и Емили Свиниј од САД и нашите Шукарова, Елена Ристеска и Леонина Корнети Пакевска ќе се погрижи и за истражувањето кое ќе се одвива за време на одржувањето на „Локомоушн 7“ а чиј работен наслов е „Размена, соработка и вклучување урбани пејзажи“.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG