Достапни линкови

Бесими - важно има препорака


Важно е што добивме препорака и сериозно ќе пристапиме кон секој збор напишан во извештајот, вели вицепремирот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

Важно е што добивме препорака за почнувањето на преговорите за зачленување во Европската унија. Вака речиси на секое прашање поврзано со тонот, критиките или пак терминот „ќорсокак“, кој го употреби еврокомесарот Филе, за состојбите во земјава, одговораше вицепремирот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

Ќе повторам, важно е - што после препораката и второ - сериозно ќе пристапиме кон секој збор напишан во извештајот, значи реформската агенда за ЕУ на Република Македонија е важна пред се за граѓаните на земјата.
Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.

На денешната прес-конференција организирана поради Извештајот на Комисијата, тој нагласи дека сега сите вработени во неговиот сектор биле ангажирани околу подготовка на извештај за тоа на што треба да работат, кој понатаму ќе го доставеле до собранието и до владата, по што ќе направеле акционен план, а ќе организирале и средби и јавни дебати.

На прашањето што конкретно ќе преземат за забелешките што ги истакна Филе, односно слободата на изразување, независноста на судството, името и политичкиот дијалог, Бесими одговори дека ќе работеле за подобрување.

Република Македонија има многу работа на патот кон Европска унија.
Фатмир Бесими.

„Ќе повторам, важно е - што после препораката и второ - сериозно ќе пристапиме кон секој збор напишан во извештајот, значи реформската агенда за ЕУ на Република Македонија е важна пред се за граѓаните на земјата. За сите прашања што вие ги спомнавте, што се во извештајот, ќе ги дефинираме со акцискиот план и активно уште од овие денови, пред официјално да се подготви и усвои акцискиот план, ние ќе имаме консултации со сите чинители во одредени области“, рече Бесими.

Тој истакна и дека извештајот бил заеднички документ кој го пишувале заедно македонската влада и Европската комисија и дека тие учествувале во пишувањето на тоа што направиле, но дека на крајот авторствто сепак е на комисијата.

„Доколку има работи што сметаме дека во Македонија се поинаку од тоа што го имаме во извештајот, сепак е наша одговорност што во овој период тоа е прикажано на тој начин како што е напишано во извештајот. Инаку Република Македонија има многу работа на патот кон Европска унија“, рече Бесими.

Тој додаде дека без оглед на коментарите околу тоа каков бил тонот во документот за напредокот тие ќе се посветеле на подобрување во областите во кои е забележано дека има недостатоци.

„Јас на овој годишен извештај гледам како на уште еден пакет на работи што ќе ја одликуват нашата работна агенда во наредната година. Коментарите од тој тип не помагаат во процесот. За нас е важно дека во извештајот и оваа година има препорака и тоа е заслуга на сите“, вели Бесими.

Во врска пак со забелешките за судството кои се провлекуваат речиси во секој годишен извештај вицперемиерот вели дека тоа било така поради тоа што се работело за комлексни области кои барале многу работа.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG