Достапни линкови

Препорака од ЕУ, но забележани влошени состојби


Архивска фотографија - Евроамбасадорот Аиво Орав му го предаде извештајот за 2013 на премиерот Никола Груевски.
Архивска фотографија - Евроамбасадорот Аиво Орав му го предаде извештајот за 2013 на премиерот Никола Груевски.

Комисијата смета дека состојбата во Македонија упорно се влошува и е уверена дека решавањето на спорот за името може да донесе напредок во земјата.

Извесно е дека Македонија ќе ја добие шестата позитивна препорака за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Сепак, на денот кога Комисијата го објавува извештајот за напредокот на нашата земја, извори на нашето радио во Брисел соопштуваат дека, Комисијата смета дека состојбата во Македонија упорно се влошува и е уверена дека решавањето на спорот за името може да донесе напредок во земјата.

Јасно ставивме до знаење дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО е лепакот кој може да го оджи меѓуетничкиот соживот во земјата.

Според висок функционер во Европската Комисија, оваа институција не е многу добра во решавањето на билатерални прашања помеѓу земјите членки и кандидатите и сугерира дека треба да се гледа како да им се помогне на двете страни и како земјата кандидат да го реши прашањето на конструктивен начин.

Штефан Филе, еврокомесар за проширување, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Истите извори истакнуваат дека Европската Комисија не е причина што не е најдено решение за спорот за името, за двете големи политички кризи дома, за тоа што ОБСЕ/ОДИХР по трет пат кажа дека Македонија има сериозни законодавни и процедурални проблеми во изборите.

Отсуството на решение за името, не треба да биде изговор за неспорведување на реформите и дека на крајот, земјата е таа која треба да ги искористи можностите кои и се пружаат и да си помогне самата себе.

„Пред две години ја воведовме идејата дека спорот за името може да биде решаван во рамките на самите преговори и со тоа да креира атмосфера за решавање на проблемот. Во исто време тоа ќе создадеше гаранции за сите земји членки дека процесот на пристапување ќе продолжи само ако има принципиелен договор за името. Но, немаше позитивни реакции од земјите членки на нашите препораки кои можеа да имаат позитивно влијание врз реформите и стабилноста вво земјата и во целиот регион. Јасно ставивме до знаење дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО е лепакот кој може да го оджи меѓуетничкиот соживот во земјата“, велат нашите извори во Брисел.

Потсетувајќи на Високиот политички дијалог како нивна идеја, од Комисијата велат дека се обиделе да и објасната на земјата дека отсуството на решение за името, не треба да биде изговор за неспорведување на реформите и дека на крајот, земјата е таа која треба да ги искористи можностите кои и се пружаат и да си помогне самата себе.

Неофицијално, препораката за почеток на преговори е условена со напредок во независноста на судството и слободата на изразувањето и претставува одлучен чекор за да се решат прашањата на засилената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразување. Извештајот посочува дека поради напредокот во минатото, земјата се уште ги исполнува Копенхашките критериуми, факт што во неодманешното интервју за нашето радио го потврди и британскиот амбасадор во земјата, Чарлс Гарет. Тој сепак потенцираше дека земјава сериозно треба да работи на реформите во судство, медиумите и меѓуетнички односи.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG