Достапни линкови

Бројките контра Иванов - младите си одат


Од наугурацијата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. 12 мај 2014.
Од наугурацијата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. 12 мај 2014.

Светска банка соопшти дека 447. 137 државјани ја напуштиле Македонија. Според податоците на Евростат 230 илјади луѓе од 1998 до 2012 година се иселиле од земјата и имаат регулиран престој во странство.

Претседателот Ѓорѓе Иванов тврди дека младите остануваат во Македонија, поради економските успеси, но истражувањата и бројките го покажуваат спротивното. Светска банка соопшти дека 447. 137 државјани ја напуштиле Македонија. Според податоците на Евростат 230 илјади луѓе од 1998 до 2012 година се иселиле од земјата и имаат регулиран престој во странство.

Едната е потрагата по поквалитетно образование од кое ќе излезат со добро изградени вештини и компетенции, потоа повисокиот животен стандард кој го наоѓаат во некоја од другите земји, самата конкуренција на пазарот на трудот.
Дона Костуранова, МОФ.

Дона Костуранова од МОФ вели дека нема јасна евиденција колку млади ја напуштиле Македонија, што не овозможува реално да се сфати проблемот и да се преземат мерки. Според нивното истражување, мотивите на младите за иселување може да се најдат во повеќе области.

„Едната е потрагата по поквалитетно образование од кое ќе излезат со добро изградени вештини и компетенции, потоа повисокиот животен стандард кој го наоѓаат во некоја од другите земји, самата конкуренција на пазарот на трудот кој е позаштитен од непотизмот, корупцијата, политичката афилијација и генерално повисоки животни можности“, вели Костуранова.

Во последното истражувањето на невладината Реактор околу 40 проценти од младите одговориле дека за пет години својата иднина ја гледаат во друга држава. Неда Коруновска од Реактор вели дека причината зошто младите сакаат да имигрираат е социјалната исклученост и незадоволството од заедницата.

Мора и на локално ниво и на национално ниво политиките коишто се креираат да ги рефлектираат не само потребите, туку и приоритетите на младите.
Неда Коруновска, Реактор.

„Ние имаме невклучени млади не само во самите процеси, туку воопшто не се гледа на нивните потреби, па и некои мерки што се предвидуваат за останатите делови на населението, како на пример бесплатен превоз за пензионерите, тие не се воведуваат за младите, значи младите немаат никакви бенефиции, ниту пак се прашани за тоа што им треба и што може да се направи за да им се подобри ситуацијата.“

Костуранова вели дека Македонија мора да се позанимава со прашањето која е причината за одливот на луѓе од земјата и да се прават политики кои што ќе се проверува дали го имале посакуваниот ефект.

„Никој во Македонија нема радо да каже дека младите со години чекаат да добијат работа или дека младите луѓе повеќе се гледаат себе си како успешни личности во странство , отколку тука, но мораме да ја знаеме реалната слика, да ја прифатиме и да работиме истата да се подобри“, вели Дона Костуранова.

Коруновска додава има начин да се спречи иселувањето на младите од земјата.

„Мора и на локално ниво и на национално ниво политиките коишто се креираат да ги рефлектираат не само потребите, туку и приоритетите на младите“, вели Неда Коруновска.

За Иванов и невработеноста не е проблем иако изнесува 28, 2 проценти, а околу 60 проценти од луѓето кои бараат работа се на возраст под 40 години. Според него Македонија има најбрзо растечка економија во регионот, а за младите се отвараат нови работни места.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG