Достапни линкови

Протест на сопствениците на времени објекти во Струга


Со отстранувањето на околу 160 времени објекти од Струга без егзистенција ќе останат стотина семејства, се жалат сопствениците.

Сопствениците на повеќе од 160 времени објекти мирно протестираа пред Општина Струга барајќи локалните власти да не ги отстрануваат истите и покрај тоа што одлука за ова неодамна донесе и Советот на општината со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА кои се коалициони партнери на локално ниво во Струга. Велат дека ако ваквите објекти кои ги има низ целиот град тогаш без парче леб ќе останат многу семејства, а досегашните вработени ќе бидат на улица.

Редовно ги подмирувам давачките, плаќам социјално осигурување, а плаќам и фирмарина кон општината и кирија за местото. Ги замолувам надлежните органи да преземат мерки бидејќи ќе останеме на улица без егзистенција и немам друго од што да живеам. Го молам градоначалникот да преземе некои мерки.
Атанас Карамитрес, сопственик на времен објект во Струга.

Атанас Карамитрес вели дека од неговиот киоск издржува четиричлено семејство.

„Редовно ги подмирувам давачките, плаќам социјално осигурување, а плаќам и фирмарина кон општината и кирија за местото. Ги замолувам надлежните органи да преземат мерки бидејќи ќе останеме на улица без егзистенција и немам друго од што да живеам. Го молам градоначалникот да преземе некои мерки“, рече Атанас.

Совет на Општина Струга.
Совет на Општина Струга.

Времените објекти во Струга се изградени пред повеќе од 30 години. Кујтим Ќура, сопственик на времен објект на градскиот плоштад, рече дека објектите можат да бидат отстранети единствено доколку отпочне со реализација урбанистичкиот план за локацијата каде е поставен објектот.

Ние нема да запреме со акцијата без разлика на опструкциите од централната власт. Акцијата за отстранување на објектите веќе е започната.
Општина Струга.

„Ако се отстранува мора да има план и програма каде објектот може да се дислоцира. Ние ова не сме го измислиле. Ова е Закон за градење. Ние не сме дојдени овде за градот да не се регулира и да не се исчисти од сите привремени објекти. Во Струга има 160 киосци помножено со четворица тоа е околу 500 души без работа. На 24 јули 2014 година, Државниот инспектор донесе одлука да се запира примената за отстранување на монтажно демонтажните објекти и урбана опрема“, вели Ќура.

Тој вели дека ако општината е моќна да ги вработи овие 500 луѓе колку што ќе останеле без работа веднаш ќе ги отстранеле објектите.

Меди Дика, саатчија во Струга, вели дека ова што се случува не било добро.

„Имам деловен простор 36 години. Работам како саатчија, имам син невработен, снаата исто така е невработена и одвај отворив бизнис тие да работаат. Сега со ова доаѓа сами со себе да шепотиме и да сме под стрес. Ова е брука, ова е срамота. Каде ќе оди овој народ, ова е жалосно. Осигурувања за три лица јас плаќам над дваесет илјади месечно, а сега на улица да одиме ли“, изјави Меди Дика, саатчија во Струга.

Одлуката на градскиот совет предвидува нови објекти кои би биле унифицирани со што би се создал ред во оваа дејност. Овие луѓе бараат градоначалникот да побара од Советот на општината да ја повлече ваквата одлука истата да се анализира, а потоа да се отпочне со нејзина реализација.

Од Општина Струга рекоа дека одлуката на Советот мора да се спроведе до крај.

„Ние нема да запреме со акцијата без разлика на опструкциите од централната власт. Акцијата за отстранување на објектите веќе е започната“, е ставот на Општината.

XS
SM
MD
LG