Достапни линкови

Се зголемува нелегалната миграција на Западен Балкан


Истражувањето на Меѓународната организација за миграции покажало дека непрописната миграција се зголемува на Западниот Балкан, пораст бележи и трудовата експлоатација, а се појавиле и нови форми на детска експлоатација.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со сериозни предизвици во борбата против трговијата со луѓе, која во последната година добива нови трендови во видот и формата. Истражувањето на Меѓународната организација за миграции(ИОМ) покажало дека непрописната миграција се зголемува во регионот на западен Балкан, пораст бележи и трудовата експлоатација, а се појавиле и нови форми на детска експлоатација.

Регионот се соочува со долготрајни предизвици во однос на трговијата со луѓе, поради сложените социо-економски и политички прашања во регионот.
Мајра Албу, координатор за асистирано доброволно враќање и борба против трговија со луѓе во ИОМ.

„Регионот се соочува со долготрајни предизвици во однос на трговијата со луѓе, поради сложените социо-економски и политички прашања во регионот“, изјави Мајра Албу, координатор за асистирано доброволно враќање и борба против трговија со луѓе во ИОМ.

Илустрација.
Илустрација.

Сепак поголемиот дел од откриените случаи на тргивија со луѓе во регионот се млади жени тргувани заради сексуална експлоатација. Посебен аспект е дека жените кои се тргувани се обично помлади, а често се и малолетни.

Имајќи предвид дека во Македонија како земја на потекло, транзит и дестинација голем број на неидентификувани странски жртви кои се предмет на ова истражување доаѓаат токму од регионот. Тие се од Србија, Косово, Албанија и Бугарија. Сето тоа нам ни дава една јасна слика да ги предвидиме потребите и во регионот и во Република Македонија за да ги планираме идните заеднички потреби.
Санде Китанов, заменик национален координатор за борба против трговијата со луѓе.

Истражувањето покажало дека во Македонија и во Косово повеќето од случаите на трговија со луѓе немаат завршено ниту основно образование. Откриени се повеќе форми на регрутирање на лица кои стануваат предмет на експлоатација во трговијата со луѓе. Најчесто регрутирањето се случувало лично, но и рекламите, интернетот и приватните агенции за вработување служат како канали за регрутирање.

Шефот за администрација на италијанската амбасада во Скопје, Џовани Виетри, ја истакна важноста од координирана соработка меѓу институциите на национално и меѓународно ниво во борбата против оваа појава.

„Жртвите не може да се остават сами да се борат против оваа појава, туку е од крајна важност меѓународните институции да може да им дадат експертиза“, вели Виетри.

Истакнувајќи ја важноста на истражувањето и препораките од него, заменик националниот координатор за борба против трговијата со луѓе, Санде Китанов, вети низа активности кои надлежните ќе ги преземат во борбата против оваа појава.

„Имајќи предвид дека во Македонија како земја на потекло, транзит и дестинација голем број на неидентификувани странски жртви кои се предмет на ова истражување доаѓаат токму од регионот. Тие се од Србија, Косово, Албанија и Бугарија. Сето тоа нам ни дава една јасна слика да ги предвидиме потребите и во регионот и во Република Македонија за да ги планираме идните заеднички потреби“, вели Китанов.

Наодите од ова истражување укажува на неколку слаби страни и пропусти при откривање на механизмите за идентификација и програмите за заштита и помош во трговијата со луѓе.

На пример, се забележува на тоа дека регионот нема ефикасни механизми за брзо и точно откривање на тргуваните лица, има проблеми со основната правна рамка, во откривањето не се вклучени сите потребни сектори, има недостиг на капацитети кај клучните актери вклучени во откривањето на вакви случаи, а основен проблем е и недостигот на политичка волја во одредени случаи. Препораките вклучуваат поголема соработка на државно и меѓународно ниво, ефикасни кривични судски постапки, поголема заложба на владите и распределба на ресурсите и повеќе услуги за поддршка и реинтеграција на лица кои биле жртви на трговија со луѓе.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG