Достапни линкови

Шкотска решава за својата независност

Граѓаните на Шкотска со право на глас на денешниот референдум решаваат дали ќе останат дел од Обединетото кралство или ќе тргнат по патот на независноста. Доколку победат заговорниците на независноста, референдумот би можело да биде почеток на создавање на нова држава во Европа.

Последните анкети покажуваат дека околу 48 насто би гласале за независност на Шкотска што е за четири проценти помалку од оние што не ја поддржуваат.

Независноста не е волшебно стапче. Дали ќе има работи што ќе бидат погрешни? Секако. Дали ќе има предизвици? Несомнено. Но моето прашање е: Кој подобро ќе одговори на овие предизвици од народот кој живее и работи во оваа држава?

Алекс Салмонд, лидер на сепаратистичката Шкотска национална партија.

Сепак, разликите меѓу двете страни и натаму се во рамките на статистичката грешка од три проценти, со висок процент на неопределени, односно на секои 20 Шкотланѓани еден не знае како да одговори на единственото прашање: „Дали Шкотска треба да биде независна држава“? Токму поради тоа, според аналитичарите, резултатот е многу непредвидлив.

Лидерот на сепаратистичката Шкотска национална партија, Алекс Салмонд, денешното гласање го оцени како можност што се случува еднаш во животот и ги повика граѓаните на Шкотска да ја искористат моќта што ја имаат во нивните раце за да направат Шкотска да стане посебна држава.

Јас сум Англичанец. Живеам во Шкотска од 14 години. Имам семејство во Англија. Имам семејство во Шкотска. Не сакам тие да бидат одделени со граница. Исто така мислам дека тоа не е во интерес на Шкотска.

Дејвид Грант, жител на Единбург.

„Независноста не е волшебно стапче. Дали ќе има работи што ќе бидат погрешни? Секако. Дали ќе има предизвици? Несомнено. Но моето прашање е: Кој подобро ќе одговори на овие предизвици од народот кој живее и работи во оваа држава?“, рече Салмонд.

Успешниот рефрендум ќе го означи крајот на унијата меѓу Шкотска и Англија воспоставена пред 307 години, нешто кое, според британскиот премиер Дејвид Камерон, не ќе може да се врати, односно веќе не ќе биде можно повторно враќање на Шкотска во рамките на Обединетото кралство.

Сите жители на Шкотска над 16 години имаат право да гласаат. Тоа не им е дозволено на оние што се родени во Шкотска, но кои живеат надвор од неа.

„Јас сум Англичанец. Живеам во Шкотска од 14 години. Имам семејство во Англија. Имам семејство во Шкотска. Не сакам тие да бидат одделени со граница. Исто така мислам дека тоа не е во интерес на Шкотска“, вели Дејвид Грант од Единбург.

Во случај гласачите да ја отфрлат независноста, трите клучни партии кои се залагаат за останување во составот на Обединетото кралство, конзервативците, лабуристите и либералдемократите, ветија дека Шкотска ќе добите многу пошироки овластувања околу даноците и трошоците.

„Овластувањата што сега тие ги нудат. Тоа е тешко да се поверува. Нема гаранција затоа што знаеме дека другите членови на нивните партии би можеле да бидат против тоа. Сега тоа навистна е прашање на доверба. Тие сега ни го нудат ова бидејќи се во паника“, вели Мило Маклафлин, од Единбург кој е за независност на Шкотска.

Се очекува голем одѕив на граѓаните со оглед на тоа што до 2 септември, кога истече рокот за регистрација, се пријавија рекордни 97 насто од скоро четири ипол милиони луѓе со право на глас.

Доколку резултатот биде позитивен, независноста на Шкотска ќе биде прогласена на 24 март 2016 година, по 18 месечни преговори за усогласување на сите детали со Лондон.

Независноста на Шкотска ќе има последици и во другиот дел на Обединетото кралство. Меѓу главните прашања е и тоа дали Дејвид Камерон би останал на функцијата премиер. Исто така веќе почнаа да се јавуваат и барања за децентрализација на Англија и за давање поголеми овластувања на Велс.

• 16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG