Достапни линкови

Дали Македонија нема да им се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија?


Средба на министрите за надворешни работо на Македонија и Србија, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, во Скопје.
Средба на министрите за надворешни работо на Македонија и Србија, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, во Скопје.

Шефот на дипломатијата на Македонија Никола Попоски за разлика од неговиот српски Ивица Дачиќ денеска на прес конференција во Скопје со не до крај јасна изјава во врска со тоа дали Република Македонија ќе се приклучи кон санкциите на ЕУ спрема Русија. Двете земји инаку со подршка кон глобалната борба против тероризмот.

Македонија и Србија ја следат надворешната политика на Европската унија, но како кандидатки немаат обврска да се придружуваат до сите конкретни чекори. Ова може да се заклучи од изјавите на министрите за надворешни равоти на двете држави, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, кои на денешната прес-конференција во Скопје зборуваа за позициите на нивните земји во однос на санкции против Русија кои земјите-членки на Европската унија ги воведоа поради украинската криза.

Една земја членка која и во НАТО и во ЕУ го има сериозно прекршено меѓународното право, а тоа го има констатирано Меѓународниот суд на правдата и тоа сериозно го проблематизира барањето или аргументирањето кон Република Македонија за примена на меѓународното право.
Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Попоски рече и дека како земја кандидат Македонија се усогласувала со ставовите на ЕУ, но имало и клучна разлика во тоа што земјите кои не се во Унијата не учествувале во креирањето на политиката, туку само во спроведувањето, не испуштајќи да ја спомене блокадата поради спорот за разликите за името.

„Тука говориме за примена на меѓународно право, односно за усогласување на меѓународно правните и меѓународно политичките позиции на Република Македонија во однос на ЕУ, но не треба да заборавиме и еден факт кој малку го компликува тој однос, бидејќи повеќето земји членки на ЕУ се воедно земји членки и на НАТО алијансата, а добро знаеме дека во НАТО алијансата, една земја членка која и во НАТО и во ЕУ го има сериозно прекршено меѓународното право, а тоа го има констатирано Меѓународниот суд на правдата и тоа сериозно го проблематизира барањето или аргументирањето кон Република Македонија за примена на меѓународното право“, рече Попоски.

Украина начелно ги поддржува санкциите, се придружи на декларацијата на Европската унија, но ништо не направи за нивната конкретизација, не ги применуваше. Русија, кога воведуваше контра-санкции кон ЕУ за земјоделство, не ги воведе против Украина. Знаете, тие може да војуваат и да тргуваат, а ние сите останати да плаќаме за тоа.
Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.

Според Дачиќ, пак, ЕУ има своја политика и кога Србија ќе станела членка ќе имала и обврска да ја услогласи во целост.

„Јас зборував и во Берлин, а Никола ми е сведок дека ние секако ќе ја усогласуваме нашата политика, но ќе водиме и сметка и за нашите економски интереси. Но, знаете, Украина начелно ги поддржува санкциите, се придружи на декларацијата на Европската унија, но ништо не направи за нивната конкретизација, не ги применуваше. Русија, кога воведуваше контра-санкции кон ЕУ за земјоделство, не ги воведе против Украина. Знаете, тие може да војуваат и да тргуваат, а ние сите останати да плаќаме за тоа“, рече Дачиќ.

Секако дека ја поддржуваме борбата против тероризмот и сме дел од глобалната алијанса, додаде тој на прашањето, пак, дали Белград и Скопје ќе ја засилат својата борба против бунтовниците од Исламска држава. Според него, останувало прашањето колку можеле да помогнат во смисла на воено учество поради ресурсите кои ги немале, а упати и критики за досегашниот однос.

„Од друга страна, јас би потсетил на тоа дека ние веќе години наназад предупредуваме на различни меѓународни собири на појавата на радикалниот исламизам и тоа особено на нашите простори и дека различни меѓународни фактори беа благонаклони и го толерираа нивното создавање и развој. Знаете, против тероризмот треба да се борите секаде каде што ќе се појави, а не само кога ќе го погоди вашиот интерес. Значи тие кои досега беа кај нас, овде во Македонија, во Србија, во Босна и Херцеговина, кои се декларирани како вехабии или припадници на радикални исламистички групации беа толерирани додека беа кај нас, сега кога се во Сирија или во Ирак, се бориме против нив. Што ќе биде кога тие ќе се вратат тука, пак тие ќе бидат наш проблем нели? Значи ние бараме меѓународна поддршка да се бориме против радикалниот ислам и овде кај нас“, рече Дачиќ.

Попоски, пак, нагласи дека се работело за најсериозната безбедносна закана во делот на формите во кои се појавувал верскиот фанатизам и екстремизам.

„Мислам дека таа закана ја споделуваме заедно со сите наши партнери кои се денес дел од евроатлантското семејство и од нашето потесно и пошироко опкружување, така што мислам дека со закана, којашто претставува иста закана за сите нас, треба да се справиме со заеднички сили“, рече Попоски.

Инаку двајцата министри денеска потпишаа и спогодба за рационално користење на ресурсите во однос на заеднички дипломатско-конзуларните претставништва во странство и се очекува најскоро да се дефинира на кои локации и во кои земји таа соработка е потребна и можна. Тие најавија и втора заедничка седница на Владите на двете држави која би требала да се одржи во Скопје во октомври или ноември годинава, а Дачиќ пренесе дека српскиот премиер Александар Вучиќ го повикал македонскиот колега Груевски на средба со кинескиот премиер во Белград во декември на која ќе учествувале и 16 други шефови на влади.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG