Достапни линкови

Млади без граници


Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.
Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Само во последните пет години околу 3.500 млади од Прилеп заминале во белиот свет за подобра плата, подобар живот, подобар економски и социјален стандард, пишува Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Владата на Република Македонија во декември 2005 година донесе Одлука за усвојување на Националната стратегија за млади, додека во септември 2007 година по иницијатива на Агенцијата за млади и спорт се подготви Национален акционен план за имплементација на Националната стратегија за млади, за да се даде поголем акцент на младата популација за разрешување на младинските проблеми и приоритети на национално и локално ниво.

Слободарскиот и ведриот дух на младите треба да ги насочува кон приклучување на општествено-социјалните активности за поддршка на локалната заедница, а не кон затворените прозорци на кои нема ни мала светлина за исполнување на обврската за помош на своите врсници без разлика на социо-културното потекло.

Во април 2009 година, Владата даде позитивно мислење за реализација на акциониот план во задоволување на потребите на младите. Воедно, младите од општина Прилеп, независно од нивната етничка припадност, не гледаат голема перспектива за да може да останат и да градат свои животни приказни. Ако тргнеме по патот на младоста во денешно време може да не доведе до погрешен пат без надеж за подобра иднина. Зошто е така?

Во последните неколку години младите во Прилеп се наоѓаат на една раскрсница. Општината се наоѓа во период на криза на идентитетот каде веќе многумина се обидуваат да ја претворат во нешто што и никогаш не била, а денес ја доживува својата кулминација. Младите мора да решат дали ќе одат по патот на историјата или пак кон иднината каде ќе ја бараат потребата од интелект кој ќе води кон многу полиња, или пак еднаш ќе раскрстат со минатото и ќе се трансформираат во воини на еден поинаков свет различен од другите.

Слободарскиот и ведриот дух на младите треба да ги насочува кон приклучување на општествено-социјалните активности за поддршка на локалната заедница, а не кон затворените прозорци на кои нема ни мала светлина за исполнување на обврската за помош на своите врсници без разлика на социо-културното потекло.

Податоците говарат дека младите на возраст од 15 до 29 години, учествуваат со 21 процент во вкупното население, но со 26 проценти во вкупниот број на невработени во општината. Во последно време младите се фатени како лисици среде стапица. Тие не го претставуваат својот бунтовнички наплив кој може да ги руши бариерите, предрасудите, стереотипите, табуата, и да отворат нови можности за нивно вклучување во донесувањето на одлуки во локалната заедница, тие прерано ја преземаат улогата на послушници кои се дел од партиските апарати, а со тоа и многу брзо и лесно ја прифаќаат удобноста на администрацијата, и тоа по народната „Нишај врата, земај плата“.

Советот на општина Прилеп во ноември 2010 година донесе Одлука за реализација на Локалната младинска стратегија за период од пет години (2011-2015) во неколку области и тоа: неформално образование, култура, младинска невработеност и спорт за да се подобри квалитетот на живот и животниот стандард на младите луѓе. Но, само во последните пет години околу 3.500 млади се тргнати од својот град и заминати во белиот свет за подобра плата, подобар живот, подобар економски и социјален стандард.

Само во последните пет години околу 3.500 млади се тргнати од својот град и заминати во белиот свет за подобра плата, подобар живот, подобар економски и социјален стандард.

Младите од Прилеп можат да се најдат насекаде. Тие најчесто се ангажирани како работници на бродови, во земјите на блискиот исток (Катар, Дубаи), во Германија, Холандија, Шведска. И покрај сите активни мерки кои ги превзема Владата и Министерството за труд и социјална политика, тие слободно си ги пакуваат куферите и си заминуваат од својот дом за подобар достоинствен живот. Точно е дека надвор од својата земја тие работат исти или слични работи како и кај нас, но разликата е во надоместокот за плата и социјалниот живот. Локалната младинска стратегија на хартија е добро напишана, но во пракса не е баш така. Нејзината реализација се базира и со поставување на референт за младински прашања во рамките на локалната самоуправа каде има обврски за нејзина реализација, од усвојувањето на стратегијата и неговото ангажирање до денес нема дадено резултат во намалувањето на младинската невработеност и иселувањето на младите од градот кои се едни од најдиректните цели на младинските политики во локалната заедница.

Финансиските средства кои ги определува Комисијата за финансирање и буџет во рамките на Советот за поддршка на НВО секторот изнесуваат 2 милиони денари. Тие средства се многу скромни за активностите на граѓанските организации и се наменети за краткорочни проекти.

Младите во светот претставуваат центар на моќта, прогресот и авангардата, но во општините низ нашата чудесна Македонија на младите им треба сериозно будење и позицирање како релевантен фактор.

Но, Европската повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот, која е усвоена во 1992 година укажува дека посебно треба да се даде внимание на непривилигираните слоеви, особено на малцинствата без разлика на етничката, националната, сексуалната, културната, религиозната и јазичната припадност.

Учеството на младите луѓе не само од општината туку и младите од руралните средини треба поактивно, долготрајно и значајно да бидат во процесот на развој или реконструкција на политичките или административните системи.

Младите во светот претставуваат центар на моќта, прогресот и авангардата, но во општините низ нашата чудесна Македонија на младите им треба сериозно будење и позицирање како релевантен фактор. Младите треба да бидат слободноумни и без ограничувања.

XS
SM
MD
LG