Достапни линкови

„Хибридните режими“ најкоментирани


Анализите за „хибридните режими“ и за Рамковниот договор се најкоментираните на нашата интернет страница.

Штом некој ќе напише поотворено за состојбите во државава, како во текстот за „хибридните режими“ како што ги карактеризира и Фридом хаус, веднаш доаѓаат лути коментари од некои од вас, почитувани, па се развива полемика на веб-страницата на Радио Слободна Европа на македонски.

Власта во Македонија сè уште се избира на избори, не бомбардира градинки и не укинува ничии права, (како претходниот режим во Украина)...
Коментар на читател.

Анонимен, погоден во неговата перцепција за домашниве состојби, му забележува на авторот зошто не ја спомнал Украина, каде што, како што напишал, „режимот што дошол на власт сосила, киднапира и убива новинари...“ и така натаму, и смета дека власта во Македонија сè уште се избира на избори, дека не бомбардира градинки и не укинува ничии права, (како претходниот режим во Украина) и дека Запад поради поддршката ги губи симпатиите, а Фридом хаус, вели, зинува за Македонија, а ќути за Украина...

И Ставре од Гевгелија е со слично мислење како на Анонимен: Тој со иронија пишува за времето на СДСМ и вели дека „најдобар режим е оној во кој 2 проценти Власи раководат со 80 отсто богатство на државата и дека таквите влади не заковале ниту една шајка“.

Двата коалициони партнера покажуваат дека се спремни на уште пософистициран специјален облик на владеење да ја одржуваат во живот идејата за поделба на државата.
Коментар на читател.

​Е, ама, по овој коментар уследуваат два кои не се согласуваат со претходните два: Саруман од Марс напишал дека пораката на нашиот текст е дека „во сите држави постои глупа маса ко тебе и со копи-пејст политики ве владеат, а си мислите дека нешто бирате“. И дека Анонимен е дел од мнозинството што „паѓа на копи-пејст ПиАр фори и си „кукавица што молчиш со страв од модерен Голи Оток“.

Редовниот, пак, Пиле во реченицата дека власта овде се избира на избори, наоѓа како што напишал, ДПМНЕ-овски ставови кај Анонимен и му препорачува да го прочита извештајот на ОБСЕ за спроведените избори во Македонија. Пиле и Анонимен коментираат и по прилогот „Анализа и нова стратегија за Рамковниот договор“. Пиле дека двата коалициони партнера покажуваат дека се спремни на уште пософистициран специјален облик на владеење да ја одржуваат во живот идејата за поделба на државата и дека тоа е велепредавство, а Анонимен се согласува со Пиле дури и со ставот за влада на национално единство, за на крај да напише: „Оставки, предавници!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG