Достапни линкови

Израел се повлекува од Појасот Газа


Израелската армија соопшти дека ги повлекува сите копнени сили од Појасот Газа со новото тридневно примирје што почна денеска во осум часот по локално време.

Пред стапувањето во сила на примирјето Палестинците и Израелците извршија напади. Хамас истрела ракети врз Израел додека израелските авиони бомбрадираа цели во Газа.

Израелскиот потполковник Питер Лернер изјави дека до повлекувањето доаѓа бидејќи Израел уништил 32 тунела што палестинските милитанти ги користеле за напади врз цели во Израел.

Според него, војниците, по наредба на владата се распоредувале на одбранбени позиции надвор од Газа. Тој сепак предупреди дека војската ќе одговори на секаков напад од Појасот Газа.

Тридневниот прекин на огнот, договорен вчера, беше предложен од Египет и, според очекувањата, нуди надеж за подолготрајно примирје меѓу израелските сили и палестинските милитанти кои се бореа скоро еден месец.

Соединетите држави и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го поздравија примирјето постигнато меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас..

Израел соопшти дека ќе испрати делегација во Каиро за да разговара за постојан прекин на огнот.

Соединетите држави и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го поздравија примирјето постигнато меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас. Вашингтон притоа подвлече дека сега е на Хамас да го одржи ветувањето.

Бан Ки Мун пак апелираше до сите страни што поскоро да почнат преговори во Каиро за да се воспостави траен прекин на огнот.

Портпаролот на Хамас Фавзи Бархун изјави дека тоа ќе бидат тешки преговори, бидејќи Израел имал многу барања.

Од друга страна, Израел, како што се дознава од извори блиски на владата, на целата работа гледал со доза на скептицизам со оглед на тоа што и претходните прекини на огнот беа прекршувани.

Судирите започнаа на 8 јули кога Израел покрена воздушна, а потоа и копнена офанзива во Појасот Газа со образложение да го спречи Хамас да истрелува рекати на израелска територија.

Во четиринедлните судири загинаа над 1.850 Палестинци, повеќето од нив цивили, додека над 9 илјади биле ранети. Исто така беа убиени и 64 израелски војници, како и четворица израелски цивили.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG