Достапни линкови

Прво потпорен ѕид, па проект за патот на Пелистер


По четири години откако се одрони дел од асфалтираниот пат на Пелистер, деновиве започна санација на свлечиштето.

По четири години откако се одрони дел од асфалтираниот пат на Пелистер, деновиве започна санација на свлечиштето. Работниците на терен велат дека во моментот се гради потпорниот ѕид, а дури потоа ќе се прави проект за патот. Но, и сегашната поправка ги расположи битолчани кои сметаат дека работите тргнаа од мртва точка.

Патот на Пелистер е голем проблем. Не само што е тесен и не можат две возила да се разминат, има и дупки.
Анкетиран граѓанин.

„Доаѓаме често на Пелистер и патот не беше толку безбеден на овој дел. Сега после толку години дојде време да се санира. Движењето беше тешко, не може да се управува со возило, има одрон, се лизга, не можеш да се разминеш со друго возило.“

„Патот на Пелистер е голем проблем. Не само што е тесен и не можат две возила да се разминат, има и дупки. Тој пат е од времето на Тито во Југославија, сега е време нов пат да се направи“, велат битолчани.

Секако дека ова ќе значи голема можност да се надминат негативните мислења кои постоеја дека не може да се дојде лесно до Пелистер.
Пеце Цветановски, национален парк Пелистер.

Од Агенцијата за државни патишта потврдија дека започнаа градежните работи за поправка на одронот, а ги изведува претпријатието „Гранит“. Засега не може да се прецизира кога точно коловозот ќе го добие новиот лик.„Конкретно опфатено е свлечиштето со потпорен ѕид. Проектот предвидува бетонски шипови, армирано бетонска плоча и потпорен ѕид. Дополнително ќе се изведува проект за патот, сега наша работа е изведбата на потпорниот ѕид“, вели инженерот Благојче Стерјовски од ГП Гранит.

Ова е единствената сообраќајна врска со Детското одморалиште, хотелот „Молика“ и неколку излетнички места на Пелистер.

„Секако дека ова ќе значи голема можност да се надминат негативните мислења кои постоеја дека не може да се дојде лесно до Пелистер“, изјави Пеце Цветановски, претставник на националниот парк.

Одронот беше предизвикан од обилните врнежи на снег и дожд пред четири години. Пукнатината во ширина зафаќа еден метар од коловозот, а во должина триесетина метри поради што забрането е движење на возила со тежина над три тони. Во вакви услови четири зимски сезони се пренесуваа гости, а пред се деца на Пелистер.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG