Достапни линкови

Стогодишнина од атентатот врз Франц Фердинанд


Актери облечени како Франц Фердинанд и неговата жена на одбележувањето на стогодишнината од атентатот.
Актери облечени како Франц Фердинанд и неговата жена на одбележувањето на стогодишнината од атентатот.

Во Босна, муслиманите, Србите и Хрватите сè уште се длабоко поделени околу наследството на тој ден, и затоа со посебни комеморации ја одбележуваат пригодата.

Во Сараево со повеќе манифестации се одбележува стогодишнината од атентатот на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд.

Сакам овој ден да го одбележиме заедно, како ден на мирот.
Хајнц Фишер, претседател на Австрија.

На 28 јуни 1914 година Гаврило Принцип, Србин од Босна го уби Франц Фердинанд во Сараево. Атентатот беше повод Австроунгарија да ја нападне Србија, со што почнува Првата светска војна.

Принцип, и уште неколку членови на политичко-револуционерната младинска организација „Млада Босна“, изврши атентат врз Франц Фердинанд, при што загина и неговата сопруга Софија Хотек.

Во Босна, муслиманите, Србите и Хрватите сè уште се длабоко поделени околу наследството на тој ден, и затоа со посебни комеморации ја одбележуваат пригодата.

Последните денови на Гаврило Принцип
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Ние сме горди на нашата историја, нашата борба за слобода и за сè што нашите предци имаат направено за нас за да го браниме нашиот национален идентитет.
Милорад Додик, претседател на Република Српска.

Претседателот на Австрија, Хајнц Фишер денеска ќе присуствува на концерт на Виенската филхармонија во Сараево. Фишер претстојува во Сараево на покана на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изедбеговиќ и градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ.

Споменик на Гаврило Принцип.
Споменик на Гаврило Принцип.

„Сакам овој ден да го одбележиме заедно, како ден на мирот,“ посочи Фишер пред посетата.

Оние кои одбија да учествуваат на церемониите не го покажуваат својот став кон минатото, туку кон иднината на овој регион.
Иво Комшиќ, градоначалник на Сараево.

Лидерите на Србија и на босанските Срби, кои го сметаат Гаврило Принцип за херој го бојкотираат концертот. Вчера во источниот дел на Сараево каде живеат мнозинство Срби, беше откриена 2-метарска бронзена статуа во чест на Принцип.

Милорад Додик, претседател на Република Српска изјави дека народот во Босана е се уште поделен, и дека мислат и работат различно во врска со атентатот во Сараево.

„Ние сме горди на нашата историја, нашата борба за слобода и за сè што нашите предци имаат направено за нас за да го браниме нашиот национален идентитет."

Сараевскиот градоначалник Иво Комшиќ вели дека оние кои одбиле да учествуваат на церемониите „не го покажуваат својот став кон минатото, туку кон иднината на овој регион."

Виенската филхармонија ќе настапи во реставрираната Национална библиотека, која беше срушена во 1992 година од страна на силите на босанските Срби за време на босанската војна.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ ќе присуствува на церемониите во источниот град Вишеград.

Претседателот на Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, на покана од претседавачот со Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ и градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, тој вечерва во Сараево ќе присуствува на концертот на Виенската филхармонија .

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG